Offside

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

Перо Антиќ - кошаркарска бајка

Перо Антиќ дефинитивно им пркоси на годините, бидејќи откако наполни 30 ја живее втората младост на паркетот. Во време кога го носи епитетот ветеран, тој освои Евролига со Олимпијакос, заигра во НБА каде имаше значајна улога со Атланта, па се врати во Европа и потоа ја освои и со Фенербахче. А еве го сега на 35 години во Звезда, решава натпревари и против еден Реал Мадрид. Па има ли кошаркар од Македонија кој не сонува за една ваква кариера?

Погба го покани Јане на Олд Трафорд

По Фиго, Пирес и Нуно Гомеш, големиот македонски борец кој во количка игра фудбал со другарите, го привлече вниманието на уште една голема фудбалска ѕвезда, која го кани да биде специјален гостин на меч од ЛШ.

Вилаш-Боаш се откажал од милиони во Кина за да вози рели Дакар

Ако случајно го изгубивте од вид Андре Вилаш-Боаш после Зенит, сигурно претпоставувате дека заработува милиони, дека е добар, и сè му цвета...

Како Меси годинава ги фрлаше противниците на земја

Просто уживање е да се гледа Аргентинецот кога ќе тргне во налет кон противничкиот гол. Никој не знае кај ќе тргне па оттука и Меси е најтежок за чување.

Петре мајсторе свесен ли си што направи?

По 12 минути игра на мечот меѓу Генчлербирлиги и Сиваспор сите занемеа, бидејќи падна гол кој ќе биде еден од кандидатите за најубав на сезоната во Турција. Го постигна Црногорецот Петар Шкулетиќ. Приемот му беше Л У Д И Л О.

Полскиот Артим Шаќири

Ако не пробаш нема никогаш да знаеш дали е можно директ од корнер. Аце наш проба против Англија, му успеа, исто и Рафал Курсафа во полскиот фудбалски шампионат. Овие голови се вистинска реткост. Мора да се одбележат.

Сега Шверцери Чаир со поздрав до Комити

За време на дербито меѓу Шкупи и Вардар кое Чаирчани го добија 2-0 со два маестрални гола, домашните навивачи извадија парола како одговор на Комитите од пред некој ден.

Го видовте ли теренот на кој Шкупи го скроти Вардар?

Вардар изгуби од Шкупи 2-0 и сега заостанува цели 14 бода зад Шкендија која има два меча повеќе од „црвено-црните“ кои денес во Чаир играа на нешто што не личи ни на свињарник.

Страшен еврогол во турската лига

Генчлербирлиги го победи Сиваспор со 4-0, а водечкиот гол кој го даде Петар Шкулетиќ во 12’ минута се најде на сите најавни шпици.

Голманот на Беневенто му даде гол на Милан во 95-та

Дебитантот во Серија А, Беневенто по 14 порази по ред стигна до првиот историски бод и тоа против Милан со гол на голманот Алберто Брињоли во последните моменти од мечот. Гатузо имаше деби „од соништата“.

Металург не успеа да се избори за достоинствен финиш во ЛШ

Со нов пораз, вкупно шести во низа, ракометарите на Металург ја завршуваат сезоната број 9 во Лигата на шампионите.

Уште еден јак статус за Штербик

Каков ли да му се даде веќе епитет на овој човек, кој од шала на 38 години прави по 15-20 интервенции по натпревар. На Таки, кој чат пат нѝ пишува колумни му текна нешто доста интересно.

Вардар го згази Кристијанштад за рекорден триумф во Лига на шампиони

Европскиот шампион е на прагот од директен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони откако и во 10. рунда од групната фаза го прегази Кристијанштад 31-15 (14-8).

Раул Гонзалес: Ќерка ми не сака да си одиме од овде

Не знае кладилница, не знае да предвидува резултати, не знае што ќе биде со Каталонија... Ама затоа има една карактеристика која овде е дефицитарна: многу добро да го знае она што му е работа. А дома има проблеми како ќе се оди од Македонија.

Перо Антиќ го сруши Реал среде Мадрид

На седум секунди пред крајот од мечот Реал Мадрид - Црвена Звезда при резултат 83:84 за гостите, Антиќ го прати по бурек Рејес и погоди неверојатна тројка за сензационален триумф на Белграѓани. На крајот Антиќ имаше 11 поени и 4 скока.

Хрватска со Аргентина, Шпанија на Португалија

Вечерва во Москва беа извлечени групите за Мундијалот 2018 во Русија. Хрватска ќе игра со Аргентина, Србија против Бразил, а Шпанците во комшиското дерби со Португалија. Многу силни групи.

Комити со поздрав до навивачите на Шкупи од Чаир

На првиот меч од осминафиналето на Купот на Македонија Вардар и Шкупи одиграа 1-1 во Ѓорче. Времето дожлдиво, фудбалот стандардно слаб, трибините полупразни и само еден интересен детал.

А ќе речеш француска лига досадна е

ПСЖ го има можеби најмоќниот тим на денешницата, но и останатите клубови од Лига 1 не заостануваат којзнае колку, барем кога евроголовите се во прашање. Топ10 на Лига1.

Сте го виделе ли првиот гол на Иско за Валенсија?

Плејмејкерот на Реал Мадрид, кариерата ја почна во Валенсија во 2010-та и уште кога ја почнал, се видело какво дете доаѓа на шпанската фудбалска сцена. Тука има 18 години. Ги изора како бавча.

Плукаше по ФИФА, а денес ќе ја води ждрепката за Светско

Важеше за убедливо најголемиот критичар на ФИФА во времето на Сеп Блатер и тоа ’во времето’ го користи како алиби во моментот кога цел свет го напаѓа дека е лицемерен и дека прифатил да биде дел од нешто што до вчера го плукал.

Каде ќе ја гледа Вентура ждрепката за Светско?

Селекторот кој им го направи најголемиот срам на Италијанците во последните 60 години, го доби најслаткиот отказ во кариерата и најтоплиот во зима. Тие уште си ја трескаат главата, а тој е во купачи.

Зошто Џерард не памти кој освоил ЛШ во 2006-та?

Кога тим кој со Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Шевченко и Креспо те водат 3:0 на полувреме, а ти на крај успеваш да им кренеш пехарот у фаца, тогаш одговорот на легендарниот капитен на Ливерпул е јасен и разбирлив.

Една буква многу значи, прашајте ги во Монпелје

Францускиот фудбалски клуб Монпелје доби грешно печатени дресови на кои името на клубот наместо со две букви ’Л’, им го напишале со едно па морале да се снаоѓаат.