Пеколна ждрепка за Светско

Хрватска со Аргентина, Шпанија на Португалија

Вечерва во Москва беа извлечени групите за Мундијалот 2018 во Русија. Хрватска ќе игра со Аргентина, Србија против Бразил, а Шпанците во комшиското дерби со Португалија. Многу силни групи.

Група А: РУСИЈА, УРУГВАЈ, ЕГИПЕТ, САУДИСКА АРАБИЈА
Група Б: ПОРТУГАЛИЈА, ШПАНИЈА, МАРОКО, ИРАН
Група Ц: ФРАНЦИЈА, АВСТРАЛИЈА, ПЕРУ, ДАНСКА
Група Д: АРГЕНТИНА, ИСЛАНД, ХРВАТСКА, НИГЕРИЈА
Група Е: БРАЗИЛ, ШВАЈЦАРИЈА, КОСТАРИКА, СРБИЈА
Група Ф: ГЕРМАНИЈА, МЕКСИКО, ШВЕДСКА, КОРЕА
Група Г: БЕЛГИЈА, ПАНАМА, ТУНИС, АНГЛИЈА
Група Х: ПОЛСКА, СЕНЕГАЛ, КОЛУМБИЈА, ЈАПОНИЈА

Свечената церемонија се одржа во Кремљ каде некои од најголемите асови на светскиот фудбал во друштво со прекрасната водителка Викторија Лопирева ги влечеа групите на Светското 2018.

Мундијалот на 14. јуни ќе го отворат домаќинот Русија и Саудиска Арабија а големото финале е закажано за 15. јули 2018. На церемонијата присуствуваше и рускиот претседател Владимир Владимирович Путин.

ЗАНИМЛИВОСТИ:

- Мундијалот во Русија ќе биде 21. издание на ФИФА Светско првенство, 88 години по првиот турнир одигран во Уругвај во 1930-та. За првпат едно Светско ќе се игра во Русија;

- Ќе има 32 репрезентации учеснички а дебитанти се Панама и Исланд. Последен дебитант кој успеал да ја мине тешката групна фаза беше Словачка во 2010 година;

- Земјата домаќин секогаш ја минала групната фаза освен Јужна Африка во 2010-та;

- Шест репрезентации домаќини на 20 изданија на Светското го освоиле Мундијалот. Последна беше Франција во легендарното финале против Бразил;

- Германија би можела да стане првата репрезентација која освоила две Светски по ред по Бразил (1958-1962);

- Парадоксално, две репрезентации кои освоиле Мундијал на следниот испаднале уште во раната фаза (Италија 2010 и Шпанија 2014);

- Саудиска Арабија отпуштила двајца селектори во два месеци - Берт ван Марвијк и Едгардо Бауза;

- Португалија би можела да стане четвртата селекција која освоила Европско па Светско по Западна Германија (ЕП 1972 и СП 1974), Франција (СП 1998 и ЕП 2000) и Шпанија (ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012);

- На Светското 2018 би можел да дебитира 45-годишниот Есам Ел-Хадари кој така би можел да стане најстариот учесник на Мундијал во историјата;

- Италија е единствената репрезентација од осумте освојувачи која нема да игра на Мундијалот 2018 во Русија;;

- Најдобар стрелец во историјата на Светските првенства е Германецот Мирослав Клосе со 16 гола;

- Селекторот на Уругвај Оскар Табарез ќе учествува на четвртото Светско првенство и тоа е рекорд меѓу селекторите во Русија 2018.

- Интересно е што Нигерија од шест свои учества на Мундијали, по петти пат ќе се сретне во групна фаза со „Гаучосите“. Во нивна група се уште и Исланд и Хрватска, селекции кои играа и во квалификациите за Мундијалот, а претходно играа и во баражот за Светското 2014 во Бразил.

- Аргентина на 7 учества на Мундијали, 5 пати стартувала против дебитант на Светско: 1994 со Грција, 1998 со Јапонија, 2006 со Брегот на Слонова Коска, 2014 со Босна и Херцеговина, 2018 против Исланд.

1 декември 2017 - 16:57