Offside

Деца, едно време и ние игравме на Светско, ама со бившата држава која имаше состав за респект, со кој едвај на пенали излезе на крај една Аргентина во четвртфинале. Марадона промаши. Во осминафинале ни се падна Шпанија. Ја реши Драган Стојковиќ Пикси со две мајстории и конечен резултат 2:1. Никогаш недораскажана сторија е Југославија.

Флојд Мејведер го купува Њукасл?

Американскиот боксер бил импресиониран од посетата на Њукасл и е спремен да инвестира во фудбалскиот клуб кој мака мачи да опстане во Премиер лигата. „Влегувам со глава, не со срце, па да ги проарчам сите пари“.

Холандија тргнува од нула во потрага по идентитетот

Освен Ван Дајк од Ливерпул за кого дознавме по богатиот трансфер во Ливерпул, Јаспер Цилесен голманот на Барселона и Бас Дост центарфорот кој игра во Спортинг Лисабон, новата фудбалска репрезентација на Холандија е составена од анонимуси кои треба да ја заживеат „Орање“.

Салах давај голови за да зборуваме гага на мобилен

Мохамед Салах кој во последно време се однесува во напад како Меси, до толку е популарен во својата земја што веќе не знаат од среќа што да направат. Еве што има ново во Египет.

Што голманиште ќе беше овој Алисон Бекер за кој загриза Реал

Кога од резервен и анонимен голман од Бразил, ќе добиете мачка која фаќа сè можно и не прима гол на повеќе од половина натпревари кои ги бранел во првенство, тогаш јасно е дека се работи за нешто опасно кое се пушти да го лови и Флорентино Перез.

Роналдо е тешко да се чува и на корнер

Кристијано Роналдо му ја извади маста на еден играч на Џирона. Кутриот треба да ја прати и топката и него, а тој со брзи потези се ослободува од него колку сака и на крај останува сам да бие со глава.

Дриблингот за кој зборува цела Англија

Рајан Хајнес од Ковентри изведе потег сезонава невиден ниту во Премиер лигата и тоа во дуел еден на два. Ти ги мислиш во англиската четврта лига дунстери за фудбал, а тие вадат страшни финти. Двајцава од Лутон не знаеа кај се наоѓаат. На крај и падна и гол.

Матрикс ја искористи подолгата клупа во дуелот со Гранит

Екипите на Матрикс, Лукоил и ЕЛЕМ славеа победи во првиот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Реквием и Војводи го отворија Музичкиот Куп 2018

Фудбалската традиција на музичарите од цела Македонија продолжува и оваа година и тоа појачани со повеќе екипи и уште поголем ентузијазам за да покажат дека и топката знаат да ја користат како инструмент.

Гатузо ќе го тепаше помошникот поради невнимание

Милан на мускули, едвај го победи Киево со 3:2 и се приближи до зоната која води во Лигата на шампионите. Мечот беше толку неизвесен во финишот што Гатузо не видел колку судијата продолжил, а за малерот да биде поголем, не видел ни тим-менаџерот Андреа Ромео задолжен за комуникации со четвртиот судија.

Унгарски карамбол пред гол за победа

Трофејниот Ференцварош со сите сили се бори да ја освои титулата во унгарското првенство. Прв конкурент им е ривалот Видеотон кој има три бода помалку но и меч помалку и тоа против Академија Пушкаш со кого играше Ференцварош викендов.

Ехото во салата „Градски парк“

Славното скопско дерби меѓу Работнички и МЗТ се доигра во една тажна и театарска атмосфера еден откако беше прекинато поради одредени торковци. Наместо ова да биде кошаркарски празник на градот, се слушаше само шкрипење на патики, дофрлување од клупа и толку, а Работнички славеше со 100:84. 

Капитенот на Арсенал на кого му е смачено од фудбал

Секој пат на 4-5 минути до почетокот на мечот тој чувствува нагон за повраќање. Кога ќе ја заземе својата позиција, околу него сите урлаат и должен е пак да се бори како гладијатор до крајни напори цели 90 минути.

Како го издриблаа Михајловиќ за ќерка му

Најпознатото италијанско шоу „Le Iene“ кај кои ако си учесник или им го прифаќаш хуморот или ти доаѓа да им ја шлапнеш една, го чачнаа Синиша таму каде што најмногу боли. Клучната улога во измамата ја одигра жена му.

Го знаете ли вие Несто-кош?

Македонската фудбалска репрезентација е веќе во Анталија каде ќе одигра две пријателски средби со Финска (23-ти) и Азербејџан (27-ми). Илија Несторовски и Александар Трајковски почнаа да се загреваат со баскет. Иле имаше 3/3 од линијата за слободни фрлања, Шекил на времето едвај едно гаѓаше.

Турската страст за фудбал во 15 секунди

Викендов се играше вечното големо дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши без голови. Гостите во судиското продолжение имаа шанса за победа, а овие имаа шанси да полудат и тоа топтан фамилијарно.

Аплауз за противнички играч кој не играл зошто донирал крв

ПСВ Ајндховен со 3-0 го победи Венло, но момент на мечот беше респектот од навивачите на домаќинот за еден фудбалер на гостите.

Роналдо годинава има повеќе голови од Ман.Јунајтед, Борусија и Челси

Што ли му се случи на Кристијано Роналдо годинава? Дечкото подиве. Во ноември месец беше поефикасен само од напаѓачите на Беневенто, а сега во 2018-та има ист број на голови со Милан и Арсенал. Пазете колку цели екипи.

Доделен Оскар и за фудбалската глума на сезоната

Напаѓачот на чилеанскиот клуб Универзидад Консепсион, Жан Менезес така вешто изглуми пенал за својата екипа во 85-та минута од мечот против Коло Коло што заслужено го доби Оскарот за сезонава.

А ќе речеш Адебајор е стар за фудбал, има 34 години

Џермејн Ленс важеше за еден од најталентираните фудбалери на неговата генерација во Англија. Брз како ветер, страшен спринтер, ама ништо од тоа не важи кога стариот Адебајор ќе се заинаети.

Во Австралија играчите сами ги местат мрежите

Една од најнеочекуваните и најкомичните ситуации викендов на фудбалските терени се случи во Австралија. На толку судии и луѓе од организација, Гркот Коста Барбарусес се нафати да лепи мрежа на голот. Па добро зарем немавте столче на лагер?

Колку итар гол на Јаховиќ од слободен удар

Македонскиот голгетер Адис Јаховиќ кој денеска полни 31 година, не можеше да посака поубав родендески подарок. Влезе место Самуел Ето во 72-ра минута и во 94-та го крена цел стадион на нозе со многу штосен погодок од слободен удар. Вешто го измами и живиот ѕид и голманот за многу важна победа на Коњаспор од 2:0 против Кајзериспор во борбата за опстанок.

Шоу на Икарди со 4 гола за 22 минути и петица за најавна шпица

Првиот неделен натпревар од Серија А донесе спектакл, кандидат за гол на сезоната и историски подвиг, сето тоа благодарение на еден од најдобрите напаѓачи во моментов во Италија.

Кога дефанзивците патат од Салах

Мохамед Салах ја игра сезоната од соништата. Синоќа го потури Ватфорд со 4 парчиња и им избега 4 гола на Меси, Кејн, Кавани и Имобиле кои имаат по 24. Оваа забавена снимка е одличен приказ за тоа дека цела одбрана не може да излезе на крај со него.