Шпанија го стартуваше Светското првенство со друг предводник откако селекторот Хулен Лопетеги доби отказ од федерацијата поради тајни преговори со Реал Мадрид на два дена пред првиот натпревар од групата. Негов наследник стана Фернандо Јеро и тоа како да се одрази на играта на селекцијата која немаше пораз на 20 претходни натпревари.
Само што почна големото дерби, а во 3’ минута Кристијано Роналдо тргна во еден дриблинг во противничкиот шеснаесетник каде по дуелот со Начо падна по што Џанлука Роки досуди спорен пенал.
Најдобриот фудбалер на светот во избор на ФИФА, го совлада Де Хеа, го отвори резултатот и влезе на вечната листа на фудбалери кои постигнале гол на дури четири Светски првенства! Негов 82. за репрезентацијата:
Cristiano Ronaldo has become just the fourth player in history to score in four different World Cups:
— 🇵🇹 vs 🇪🇸 Football Tweet (@Football__Tweet) June 15, 2018
2006: ⚽
2010: ⚽
2014: ⚽
2018: ⚽ pic.twitter.com/9OCtLsbCZ0
Cristiano Ronaldo joins Uwe Seeler, Pelé and Miroslav Klose in scoring at a record 4 #WorldCup #PortugalVsSpain #POR
— Gracenote Live (@GracenoteLive) June 15, 2018
Во 22’ минута една страшна контра на Португалија - Кристијано Роналдо несебично му намести убава топка на Гуедеш но овој се сплетка и шансата пропадна. Шпанците брзо потоа ја преземаа иницијативата, заиграа во препознатлив стил и тоа резултираше со гол на Диего Коста кои издрибла неколку свои чувари и од 12 метри го израмни резултатот:
По израмнувањето, „Црвената фурија“ тргна кон втор гол - во 35’ минута по една прекрасна акција Иниеста шутираше крај голот:
И кога сите мислеа дека на полувреме ќе се отиде со 1-1, Гуедеш прифати една долга топка и ја проследи до Роналдо кој од 17 метри шутираше право во Де Хеа кој катастрофално реагираше и буквално сам си ја стави топката во гол за 2:1 за Португалија:
Само што почна второто полувреме, Шпанците почнаа да ја плетат мрежата околу голот на Патрисио и во 55’ минута Диего Коста, на одлична асистенција на Бускетц одново го израмни резултатот, овојпат на 2-2:
Не помина многу а Шпанија направи целосен пресврт! По акцијата на Иско и Силва по левата страна, топката некако се одби до Начо којшто зафати пеколен полуволеј и донесе 2:3 за „Фуријата“:
Јагодка на шлагот од дербито беше ремек делото на Кристијано Роналдо кој постигна еврогол од слободен удар за 51 хет-трик во кариерата:
Пред овој меч Кристијано Роналдо имаше три гола на 13 настапи на Светски првенства а сега за 90 минути постигна хет-трик.
Изгледот на групата Б по првото одиграно коло: