Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Девојката што го прекина финалето на ЛШ доаѓа во Скопје

Блогерката и познат модел која беше најјак момент од финалето меѓу Ливерпул и Тотенхем во Мадрид, е најавена како гостинка во еден скопски локал.

Падот на Адриано

Кога еден Златан ќе потроши такви зборови како на почетокот на видеото што ќе го објавиме, тогаш што сакате повеќе. Но тој проклет телефонски повик од Бразил ја заеба калимерата.

Абе дај пенал, голманот со рака играше

Од очај што му ја одбрани или по грешка, кој го знае од што, Луис Суарез бараше пенал од судијата затоа што голманот на Чиле му го прочита додавањето со рака. Цепки. Инаку Уругвај го совлада Чиле со 1:0 и во четвртфинале одат заедно од групата Ц.

Бразилката што предава фудбалски дриблинзи

Се вика Аманда Венансио и неколку сезони играше за женскиот футсал клуб Ботафого. Толку дриблинзи има што и машките колеги треба да учат од неа некоја финта. Ко на пример оваа.

Македонија до Јапонија

Браќата Бабунски играат во втората јапонска лига. Давид е член на Омија Арџија, клуб кој во моментов е втор на табелата и има големи шанси да се пласира во првата лига. Дориан игра за клубот Макида Зелвиа. На домашните натпревари на Омија, на трибината кај најверните навивачи секогаш стои македонско знаме.

Погрешни црви или премногу алкохол?

Баш се прашувавме каде е и што прави Пол Гаскоњ? Се јави на Твитер од Шпанија, очаен да фати некоја риба.

Голчиштето кое Марадона го даде на дрога

Пред 25 години на Мундијалот во САД, Аргентина во групна фаза ја совлада Грција со 4:0. Марадона даде гол по една страшно брза игра на прва, а потоа со вампирска фаца тргна накај камерата. По мечот го тестираа и открија дека зема дрога. Диего беше суспендиран од светското, а Аргентина без него загуби во осминафинале од Романија.

Има паненка и има фирминка - Боби Фирмино дава голови без гледање

Како што легендарниот пенал со шут паненка доаѓа од легендарниот чехословачки репрезентативец Антонин Паненка, така и голот со „криви очи“ е фирмирано дело на Бразилецот Фирмино

Гостинот по бакшишот се познава

Во една ултра луксузна вила јужно од нас, две години по ред доаѓа на одмор гостин од Јуве со годишна плата од 30 милиони евра, јака женска и четири деца. Тој не само што ужива господски, туку им остава бакшиш на домаќините со кои може цело лето да имаат за добар џепарац.

Ние ќе седнеме, а вие играјте колку ви е волја

За време на реваншот од баражот за пласман во аргентинската втора лига, Алварадо водел со 1-0 против Сан Хорхе и со тој резултат бил во повисок ранг. А 5 минути по стартот на вториот дел гостите решаваат да го бојкотираат мечот поради лоша арбитража во целиот плејоф.

Кој го даде? Андрианариманана од Мадагаскар

Кога некој би барал да види дали Мадагаскар некогаш играл на голем фудбалски турнир, би добил прост одговор: до 2019 никогаш. Но летово играат на најважното првенство за цела Африка.

Како бе на 12 години играат волку јако?

На таа возраст кога сè уште се далеку од созреани и фудбалски и во паметот, јуниориве на Сити ниту паничат, ниту ја рогаат, туку напротив, погледнете каков рационален и трпелив фудбал играат. Од другата страна немаат пациенти пред себе, туку врсниците на Борусија Дортмунд кои ги напаѓаат со пресинг. Пеп ти оваа работа?

Кога Торес го извади Канаваро од копачки со еден трик

Ел Нињо се прослави на „Енфилд Роуд“ каде стана еден од најомилените напаѓачи. Еднаш против Реал во Лига на шампиони така шизички го мрдна Фабио Канаваро, што Италијанецов среќа остана на нозе, а Касиљас спаси гол.

Судијата, спрејот и жолтиот картон

Еден фудбалер од израелската лига мислеше дека на теренот е само главниот судија и дека кога ќе сврти грб, може да прави што сака. Не помислил дека има помошници и ВАР соба која му јавува на главниот арбитар.

За жал само 47 секунди футсал дробење со Роналдињо

Колку и да излегуваат видеа со волшебникот со топка, едноставно не можеш да изгустираш ваков харизматичен Бразилец кој работи уникатно со топката во свој препознатлив стил.

Нестварен потег еден на еден па уште и гол на волеј

Ерик Бикфалви е за нас анонимен Романец кој игра за рускиот прволигаш Урал. Прво ќе ве потсети на Денис Бергкамп и второ, нема да видите нешто појако од ова, барем летово.

Како изгледа гол од паркинг плац?

Полуфинале на Куп на Малезија. Паханг против Перак. При резултат 2:1 во 93' минута, домашниот играч Херолд Марк Гулон мести топка на повеќе од 60 метри од противничкиот гол. Сите мислат дека ќе се обиде да центрира, а царот шутира и....

Фирмино постигна еден од посмешните голови летово

Бразилците со 0-5 го прегазија Перу во меч од Копа Америка на која Селесао е домаќин. Вториот гол за Кариоките го даде Роберто Фирмино после смешна ситуација.

Најтрогателните епизоди од Евро У21 со Романец и Англичанец

Откако во 180 и кусур минути им дадоа вкупно 8 гола на Хрватска и Англија (4:1, 4:2), Романците предводени од синот на легендарниот Хаџи, Јанис Хаџи се најпријатно изненадување на Еврото и заслужено одат во следна фаза. Еден од најдобрите нивни репрезентативци е голманот на Џенова.

Коментаторите на Арена во Охрид кај Кире

Откако блеснаа со коментирањето во Келн кога играше Вардар, а потоа дојдоа и на прославата на плоштад, ете ги Стеван и Стретен пак кај нас. Поводот е кампот на Кире Лазаров кој петта година по ред се одржува во Охрид. Арена ТВ е генерален медиумски партнер.

Кога Комитите ќе ја надпеат химната на ЕХФ

2018/2019 не само што е сезона на РК Вардар, туку и на неговите навивачи за чија поддршка се знае и зборува од Скопје до Келн. Случајно налетавме на кусо видео од Јане Сандански кое трае половина минута и кое не врати на 2 јуни. Па како после да не падне секој тим во оваа сала со ваква публика.

Денот кога Роналдињо изведуваше, а Симан месечареше

Околу 4 месеци пред Шаќири да го попари Дејвид Симан од корнер, нешто слично му приреди и Роналдињо. Тоа се случи на денешен ден пред 17 години кога Бразил го освои СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Незаборавна мундијалска сцена од четвртфиналето Англија - Бразил.

Ова со Елмас стана Касандра

Големиот македонски талент од Фенербахче само овој месец го пренесоа во Интер, Милан, Наполи, Атлетико и Севиља, а претходно и во Борусија, Манчестер Сити, Лацио и каде уште не. Сега најново и Тотенхем бил во игра.

Кога шеикот принц на Кувајт прекинал меч од Светско првенство со Франција

Од основањето на фудбалската репрезентација на Кувајт, оваа селекција до денес играла само едно Светско првенство и тоа едно го одбележал принцот на оваа земја, Шеик Фахад кој слегол на терен.