Не дека детево не сакаме да направи јак трансфер, ама сагата за неговата иднина стварно стана шпанска серија и веќе не знае човек дали и во кој натпис да верува.
Толку многу клубови влегоа во игра или наводно се влезени во игра, што веќе не се знае кој на што се повикува. Турците цитираат медиуми од Англија, Италија, Шпанија, а потоа се случува обратно и веќе сево ова е една каша попара во која нејасно е дали медиумите само полнат страници за читаност или сè е тоа игра на менаџерите и клубот за да му се крене цената.
Како и да е, ние во Офсајд ич не сме по шпекулативни текстови од типот: Курто покажа интерес за Мурто, па затоа само ќе ги следиме (ама не сите, пошто веќе стана напорно) и ќе се надеваме дека за иднината на македонскиот фудбал ќе се пронајде најдоброто и најадекватно решение.
Што значи тоа? Нека игра во голем клуб, ама не по секоја цена и никако како резервист. Подобро уште 5 сезони да се кали во Фенербахче отколку да дреме на клупа во Атлетико.
А сега листајте ја фотогалеријата и одберете што мислите дека е најдобро решение за него. Елмас молчи на таа тема и за сега ја бира само Лила :).
На 14:00 е тој муабет од неговото најново гостување.