Голчиштето кое Марадона го даде на дрога

Пред 25 години на Мундијалот во САД, Аргентина во групна фаза ја совлада Грција со 4:0. Марадона даде гол по една страшно брза игра на прва, а потоа со вампирска фаца тргна накај камерата. По мечот го тестираа и открија дека зема дрога. Диего беше суспендиран од светското, а Аргентина без него загуби во осминафинале од Романија.

Пресот на ФИФА

 

24 јуни 2019 - 13:13