Offside

Француската фудбалска федерација се обиде да го поништи жолтиот картон на Мајкл Олисе против Прагвај. Ама Франција не е САД. Ах да беше жив другарот Тито.

Тимур легендо вардарова

Еден од првите кој по објавата на сопственикот Самсоненко дека заминува од Вардар вети дека без оглед на сè до крај ќе се бори за црвено-црните бои, одигра маестрална партија на реваншот со Сегед. Еден од неговите чудесни погодоци беше можеби клучен во топењето на негативата.

Јуначки Вардар е на Фајнал Фор!

Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!

Дриблинг на месецот во Премиер

Со гол во 86' минута Ливерпул едвај успеа да го победи Њукасл со 2-3 и да освои драгоцени 3 бода во неверојатната борба за титулата со Манчестер Сити. А потегот на мечот го имаше домашниот фудбалер Ајозе Перез кој ги изремети Фабињо и Ловрен.

Маратонката која си свика тајм аут кај Млечен

Фаќаме ние секоја година по некоја забавна сцена од скопскиот маратон кој покрај натпреварувачкиот карактер, носи и позитивни вибрации меѓу луѓето. Цурава ја начекавме кај Млечен меѓу Капиштец и Козле. Еве како застана за да се одмори.

Ароганцијата на Алегри

Има терсене жичка малку во карактерот на Масимилијано Алегри која ја демонстрира во јавност. Пред неколку дена се караше со Даниеле Адани на кој дрско му рече: Ќути додека зборувам јас, пред тебе стои тренер со 6 Скудета. Сега излезе ново видео на кое одбива дете за автограм пред мечот со Фиорентина.

Како изгледа натпревар 11 на 120

Идејата и реализацијата е на Феенорд, а учествуваат 11 фудбалери против 120 деца од академијата на клубот.  На теренот општа калакурница, резултат 2:2. Кутрите што да прават на нафрлени топки?

Г`з преку глава е во борбата за ЛШ во најјаките лиги

Месец мај е возбудлив за гледање фудбал пред сè поради финишот во Лига на шампиони, ама чекај да видите каква битка се води за следна сезона. Пазете дури 21 екипа се борат за само 7 празни места во топ 5 лигите кои водат во елитата.

Меси треба да умееш и кога да го поштедиш па да го пуштиш како темпирана бомба

Ернесто Валверде изгледа на тивок и повлечен, а во својата кариера никогаш не водел поголем клуб од Барселона. Но на шпанскиот стратег му е совршено јасно каков монструм од играч има во тим. Па така тикво и можеби за некои незабележливо повлече многу важни тактички потези со Меси.

Од аут ја изведе во аут

Генијалниот потег на денот, неделата и месецот го има Жоао Нунес од Легија Гдањск. На финалето во полскиот Куп дечкото изведе аут и со тоа успеа да направи нов аут за противникот. Цар.

Турците го избраа голот на сезоната

Колегата на Елмас, Хасан Али Калдарим го доби признанието за најубав гол на сезоната 2018/2019 во турскиот фудбалски шампионат. Се работи за левица испукана како од топ со која му израмни на Бешикташ на 3:3. Џабе се џиткаше голманот.

Какво тифо имаат ова Германциве

И веќе не знаеме по кој пат објавуваме видеа со атмосфера и кореографија од навивачите на Ајнтрахт Франкфурт кои сезонава се сигурно навивачи број 1 во Лига Европа. Страшни се дечкиве.

Арсенал со победа која ветува финале, Челси ремизираше во Франкфурт

Со двата брзи гола на Лаказет и погодокот на Обамејанг во 90-та минута Топџиите направија целосен пресврт и обезбедија фина предност пред реваншот на Местаља. Челси има позитивен резултат од гости, а тоа значи дека можно е да гледаме лондонско дерби во финалето на ЛЕ.

Се плашел од тетоважи, го прашувал Дани Алвес дали боли, а сега е цел ишаран

Денешниот ден со право е посветен за најголемиот на сите времиња според многумина. Интересна е сторијата околу неговите тетоважи и како првпат решил да се црта.

Нема шанси да погодите кој се повлекува од фудбалот

Во овие набиени празнични денови ни кидна една многу важна вест која ептен имаме ќеиф да ја објавиме. Се шегуваа со него, ама дечкото си направи кариера за почит. Клубот му се викаше Манчестер Јунајтед, а тренерот Сер Алекс Фергусон. 10 години – 14 трофеи. Фала многу пријатно.

Фердинанд: Нема да спијат вечер фудбалерите на Ливерпул

Двете легендарни англиски фудбалски имиња синоќа урлаа на голчиштето на Меси постигнато против англиски тим. Тука не се работи за навивање за едниот или ситење против другиот, туку за воодушевување за тоа што го прави овој немилосрден човек во Барселона.

Сегде не има

Додека ние гледавме и уживавме за време на возбудливиот меч од ЛШ, една група Македонци имаше привилегија господинот 600 голови да го гледаат во живо како го делка Ливерпул. Плус и голот му го снимија од трибина. Блазе си им.

Што да ви правам кога нема ВАР систем

Серо Портењо и Спортиво Сан Лоренцо во Парагвај. Домаќините водат 1-0 и во 76' минута судијата им признава тотално непостоечки гол на гостите за 1-1. Снимката покажува дека топката цел метар е надвор од голот.

Не се испуштаат вакви шанси во полуфинале

Возбудливото полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул според сериозноста на шансите не требаше да заврши 3:0. Ќе си земеме за право да кажеме дека Салах и Дембеле се посрамотија во финишот. Ливерпул можеше да брка 2 гола негатива, ама и 4.

Бранови и тренерско славје на денот

Монтереј е новиот шампион во КОНКАКАФ зоната или поедноставно Лига на шампиони во Северна, Централна Америка и Карибите. На првиот дуел славеа 0:1 против Тигрес, а синоќа 1:1. Погледне ја оваа величествена атмосфера која ја приредија домашните навивачи.

Првиот гол го даде на 1 мај 2005, а 600-от на 1 мај 2019

Секој љубител на спортот треба да биде среќен што живее во исто време со еден од најдобрите фудбалери откако се игра оваа игра. Пред 14 години на 1 мај 2005 година 17 годишниот Лионел  прво во 88' минута влезе во игра наместо Ето, а 3 минути подоцна на асистенција на Роналдињо против Албасете го постигна дебитантскиот гол за Барселона. Синоќа на 1 мај 2019 го даде 600-от гол за Каталонците, против Ливерпул во полуфинале на ЛШ.

Абе дај помогнете не се чува овој

Вирџил ван Дајк во еден дуел се обиде да му ја земе на Меси, ама пустиот знае дека си има работа со најдобриот фудбалер во светот па викаше помош од пријател.

Индивидуалните акции на Лео против цел Ливерпул

Кога ќе тргне во налет па не Милнер косачот, не Ван Дајк најдобриот стопер во Премиер лига, не Хендерсон... Кој сака нека му се испречи на патот, Меси ќе најде начин да стигне до топката.

Прекрасната кореографија на Камп Ноу

Лудата каталонска вечер започна уште пред стартот на мечот со Ливерпул, кога на сите трибини од Камп Ноу се крена фасцинантна изведба од навивачите.