Најшарлатанскиот потег во историјата на претсезонските мечеви
Колку и да копаме низ историјата џабе. Нема и не ќе се роди полош и поаматерски од овој на Марио Балотели пред осум години кога играше за Сити. Публика му свири, Џеко му се чуди, а Манчини во истиот момент го направи вистинскиот потег. Го извади од игра без око да му трепне, а овој па уште му се буни, демек што направил лошо.