Копенхаген и Црвена Ѕвезда одиграа два квалификациски меча за ЛШ кои завршија 1:1. Синоќа во Данска беше циркуз за сите пари. Шутираа 22 пенали, утнаа девет (пет завршија на трибина) бидејќи белата точка беше како бавча. Херој е Милан Борјан кој фати три пенали, даде еден и ја однесе Ѕвезда во плејоф.