Offside

Веројатно многу француски навивачи се израдуваа кога видоа против кого ќе играат во четвртфинале на Светско првенство 2026. Но дали се израдувала и полицијата?

Прекрасната кореографија на Камп Ноу

Лудата каталонска вечер започна уште пред стартот на мечот со Ливерпул, кога на сите трибини од Камп Ноу се крена фасцинантна изведба од навивачите.

Чудесија од гол на Меси, Барселона го прегази Ливерпул

Шпанскиот шампион Барселона е на чекор од големото финале во Лига на шампиони, откако вечерва на „Камп Ноу“ му одржа лекција по фудбал на Ливерпул. Боженствен гол на La Pulga од 30 метри.

Син му го прашувал Меси зошто толку го напаѓаат во Аргентина, стигна одговор

Во ситуација кога на своето дете не знаете како точно да му објасните за што станува збор, целата работа ја преземаат неговите врсници. И добро ја завршуваат. Барем во случајов со син му на Лионел.

Ајакс и натаму го сонува најубавиот сон, на чекор е од големото финале

Пред 62.000 гледачи на „Новиот Вајт Харт Лејн“ во Лондон, Ајакс го совлада Тотенхем со 0:1 по гол постигнат од помалку сомнителна офсајд ситуација пред голот на Лорис.

2 минути со фантастичниот Душан Тадиќ во ЛШ

Од второто и третото квалификациско коло, преку плејофот, фазата по групи па се до неверојатното требење на гигантите во нокаут фазата, една од најважните и клучни фигури во тимот на Ајакс е Душан Тадиќ. Креатор на игра, дриблер, асистент, а и голгетер со 9 гола во ЛШ и вкупно 34 на сите натпреварувања.

Комбинација која никој на планетава не ја очекуваше

Гурник Забже од Полска изведе слободен удар кој ниту го вежбале, ниту можеле да го извежбаат, бидејќи ова не се вежба, туку се случува чисто случајно или што би се рекло несакајќи.

Хунтелар тебе Џиџи да не те викаат нагалено?

Да, за тој Хунтелар зборуваме кој од Ајакс направи трансфери во Реал, Милан и Шалке и потоа направи кам бек во Ајакс. Оваа екипа и онака работи многу економично, а со напаѓач од рангот на Клас Јан Хунтелар може да уштеди и на голман. Па овој да ти бил неоткриен талент за на гол.

Зошто Тотенхем и Ајакс се сметаат за најеврејски клубови во Европа

На Стариот континент има неколку клубови кои историски асоцираат со еврејската дијаспора: Тотенхем, Ајакс, Рома, Славија Прага, Краковија, Видзев. Најпознатите од нив вечерва играат во полуфинале на Лига на шампиони.

Што ако играм во шпанско, пак ќе одам на стадион со точак

Во ера на модерен фудбал кој стана бизнис изразен во милијарди, уште се наоѓа по некој фудбалер кој не е чаламџија. Додуше млад е, ама па и Донарума беше млад кога почна за Милан па за кратко време се размази.

Бевте инспирација во сите овие години

Ќе изгуби многу европскиот ракомет ако се сеќаваме на овие денови само преку приказни на Јутјуб. И навистина, што повеќе го има израдувано тој народ од ракометот, играта за која се немаат пари, а која е поевтина од фудбалската и кошаркарската индустрија?

Тајм аут, морам по голема

Ќе речеш професионалци се, барем 90 минути можат да издржат или 45 со оглед на паузата, ама ете се случува и тие се луѓе. Баш ради овие работи познаваме еден кој секогаш нарачува кафе со ладно млеко. Инаку ова е мечот Чавес - Национал во првата португалска лига.

Уште не завршиле овие момци

Холандската бајка по име Ајакс продолжува вечерва со почеток од 21:00 часот. Во нокаут фазата ги суредија европскиот првак Реал Мадрид и фаворитот за титулата Јувентус. Сега им престои 180 минутна полуфинална битка со Тотенхем за пласман во финале. Со таа нивна силна мотивација и полетна игра сигурно ќе гризат за крајната цел.

Кога ќе ти падне да играш за Велигден

Вака сега Блгари, денеска е Велигден, најголемиот христијански празник, така што место да фрлам паричка ќе се кршите со јајца. Кој ќе победи ќе ја изведе топката од центар. Бугариве се З-А-К-О-Н. Па уште добија јајца во боите на дресовите.

Ипсвич ли е Испвич ли е?

Легендата Биелса е толку голем цар што во неделата прво им нареди на своите играчи да се тргнат на страна за Астон Вила несметано да даде гол поради тоа што Лидс претходно неферски поведе со 1-0, а после мечот на конференција искрено кажа дека не може да го изговори правилно Ипсвич.

После ваков гол, слободно оди на летување

Иако до крајот на шпанската Ла Лига има уште три кола, Пабло Форналс, сезонава најдобриот играч на Виљареал комотно може да уплати аранжман за летување и да не му ја мисли. После ваква мајсторија, нема потреба да игра веќе сезонава.

Незапамтена случка во англискиот фудбал, Биелса постави стандарди

Во Чемпионшип како по обичај се води голема битка за Премиер лига. Во 45. коло Астон Вила која е во налет, му гостуваше на Лидс на нашиот Алиоски.

Рано е не славам, уствари славам

Ливерпул го декласираше Хадерсфилд 5:0 и барем до одигрувањето на дуелот Барнли - Манчестер Сити е прв на табела со 2 бода повеќе од Граѓаните. Со царот Клоп нема крај на неговите Клоп настапи. Прво им мафта на навивачите, демек нема славје, а потоа се претвора во вистинскиот Клоп.

Палермо не може без македонското дуо во напад

Само шест дена откако Палермо одигра нерешено благодарение на нивниот придонес, Нестогол и Трајковски повторно беа главни актери на терен, овој пат и двајцата како стрелци.

Дечки да се загреевме бе a?

По историскиот рекорд на Саутемптон во Премиер лигата и фудбалерите на Ливерпул немаат осет кога судијата ќе свирне почеток на натпреварот. Синоќа го шинаа Хадерсфилд 5:0, а првиот гол го постигнаа за 15 секунди преку Кеита кој постави клупски рекорд на најбрз гол.

Мајко мила каква петица

Ван Ројен ниту го знаеме ниту сме го чуле бидејќи игра во холандија втора лига за тимот на Јонг Утрехт. Погледнете му реакција на малиот во шеснаесетник. Има само 20 години.

Најголемиот проблем од детството

Секој што играл фудбал или серва во маало покрај зграда, на улица или во паркче го имал овој стрес кој завршува со уље на топката кое немало шанси да го изремети мечот. Ќе играме додека не се стемни, а ти тука ли најде да паркираш?

Хемијата меѓу Вардар и Комити низ објективот на ЕХФ

Не се гледаат и доживуваат овие сцени во секоја европска ракометна метропола. Скопје во Јане Сандански ниту посебен спектакл и жар кој имаме привилегија да го почувствуваме во живо. Синоќа беше посебно емотивен, а тоа го знаеше и ЕХФ.

Му благодариме на Сергеј

Иако ова е најава (емотивна најава) за мечот со Пик Сегед која дури сега ја гледаме, сепак вреди да се погледне бидејќи буди емоции кај секој Вардарец. Како збогување со овој европски Вардар имаме дел од говорот на Сергеј на плоштад кој од возбуда вели: „Не можам да зборувам срце ми дише надвор од тело“.

Цела сала грми за Вардар, никој не си оди

Кога Вардар меле во Лига на шампиони обично на крај во сала остануваат да пејат само Комитите. Но овој пат и петнаесетина минути по завршувањето на средбата, Јане Сандански не се празнеше. Сите сакаа да бидат што подолго дел од оваа емотивна победа на хероите кои пред две години испишаа нова ракометна историја со златни букви.