Спектакуларно шоу на презентацијата на Дани Алвеш

Само неколку минути откако ја одржа својата прва прес конференција како играч на Сао Паоло, Дани Алвеш се појави на стадионот Морумби. Таму што да види. Стадионот полн, атмосфера како за дочек на нова година.

44.268 навивачи го пречекаа веројатно најславниот десен бек на денешницата и создадоа лудница за сите пари.

Сао Паоло донесе засилување од 36 години кое потпиша верност до декември 2022-та, а на стадионот се организираше славје како да станале светски прваци.

Три клупски идоли присуствуваа на презентацијата. Хернанес го претстави Алвеш пред публиката, Кака му го даде белиот дрес со број 10 да го облече за прв пат, а Луис Фабијано му даде друга шарена 10-ка да ја покаже пред публиката.

На видео бим ги пуштија Каземиро, Луис Суарез, Меси, Хуанфран и Миранда кои му испратија пораки на Дани.

На бината со новиот фудбалер на Сао Паоло беа и претседателот, како и директорите. Вакво нешто за трансфер само во Јужна Америка има.

Како беше кога пристигна на аеродром

7 август 2019 - 11:22