Како Мајорка го најави новото засилување од Македонија

Се избација со видео старо 8 години, ама на зарибана лента. На снимката Александар Трајковски и Анте Будимир, тогаш како македонско-хрватско дуо во Интер Запрешиќ, кое сега ќе биде нов тандем во Мајорка. Штосна идеја на шпанскиот прволигаш со довчерашните напаѓачи на Палермо и Кротоне.

Александар Трајковски ќе му прави друштво на Енис Барди во Ла Лига. Потпиша 4 годишен договор со Мајорка за годишна плата од 650.000 евра. 

Ние би да потсетиме и на ова кога го легна Буфон по една шах-мат акција на триото Нестороски-Пандев-Трајковски. 

8 август 2019 - 10:57