Плукаше по судии, па го казнија, па се повреди, па излезе видео од хотелска соба како се тепа со старлета (она го мава) која инаку го обвини дека ја силувал, па каснеше во Париз на подготовки за да се види дека се зеза по плажи. Човеков е тешка гњаважа, а зборот „професионалност“ кај него повеќе не постои. Сега го поврзуваат со заминување не само во Барса, туку и во Реал.
Како и да е, повеќе не е пожелен кај парижаните, така што подобро нека си оди. Уште на првиот меч од Лига 1 скандираа: "Neymar, hijo da puta" или "Neymar, you son of a bitch".