Off Topic

Државата е некому мајка, некому над-мајка

Мајка од Вирџинија седум години ќе се наоѓа на државниот регистерот за злоупотреба и занемарување деца затоа што го пуштила својот 5 годишен син - сам да прошета надвор. Добила и 6 месечна условна казна затвор. Живеат во кварт кој е заштитен со ограда и има чувар. Малиов посакал да собира гускини пердуви покрај локалното езерце, мајка му го пуштила бидејќи оделе таму заедно и го знае патот. Е, не може тоа така.

Гушнат поп, мирно село

Среде неделна миса, жена го обвинила пасторот дека сексуално ја злоупотребил кога имала 16 години. Свештеникот Џон Лоув го признал делото, рекол дека тоа било погрешно и се покајал. Што направија после тоа верниците од оваа конгрегација во Индијана? Се собраа околу него за да го гушнат во молитва и да му понудат прошка. Жената не беше гушната.

Претседателот кој трпи тежина

Сме виделе и слични вакви па да го видиме и него. Претседателот на Монголија дига 100 кила на бенч. Да потсетиме: Румен Радев се вртеше на шипка за тресење килими а Александар Вучиќ не можеше да си дозволи да му попушти на еден клинец па му залупа банана. Туку, ќе видиме ли видео како Силјановска прави 10 клот-фркет за неполна минута?

Летечкиот килим не е спорен

На Икс се појави видео со објаснување дека настанот се случува на небото над Иран каде човек на летечки килим срушил американски авион од типот Ф-15. За среќа, на Икс постојат „забелешки од заедницата“ кои знаат да фрлат драгоцена дополнителна светлина врз некое тврдење. 

Како се вика најобратно од далтонист?

Еден наш пријател кому не му верувавме дека е далтонист, му покажавме од оние онлајн тестови (кои се користат и за возачка) со шарен круг во кој е впишана бројка. Кога го прашавме што гледа, одговори: Капричиоза! Од друга страна, 11 годишно девојче од Германија, за секунди најде кај е грешката во круг полн со шарени точки. На едно место фалела плавата!

Зеленски можеше да избегне војна

Андриј Богдан, поранешен началник на кабинетот на Зеленски, сведочи дека во 2019 година (пред да почне војната) Владимир Путин лично му пристапил со мировен предлог: да им се даде на луѓето од Донбас посебен заштитен статус и да се стави крај на крвопролевањето на украинските државјани кои зборуваат руски. Каков бил одговорот на Зеленски? Ете, гледате на вести.

Не мора да имате лајмска болест за да го прочитате ова

Aко вашиот лекар ви каже дека причината е непозната, дека не може да се излечи и дека може само да ви препише лекови за намалување на симптомите, побарајте друг лекар. Телото е најдобриот лекар и ви треба лекар кој го разбира тоа. На телото треба да му се даде шанса.

Јапонците се од друга планета

Греат тротоари и капаци од веце шољи, во возовите имаат кади да си киснеш петици, доцнењето на нивните возови се мери во секунди (кај нас им се гледа на календар), во школите немаат хигиеничар(к)и туку децата сами одржуваат чисто, на работа можеш да дремнеш бидејќи тоа е знак колку си бил посветен и вреден.... И за да го маскираат своето вонземско потекло, сакаат безбол и фудбал. 

Истанбул излезе на улица да ја поддржи Газа

Ердоган е еден од најгласните светски лидери во поддршка на Палестинците и осуда на Израел. И на говори и на дело. За да покаже дека и Турците се со него, свика митинг во Истанбул.

Писмото на Џон Стајнбек до Мерилин Монро

Три години откако го напиша „Источно од рајот“, Џон Стајнбек (Глувци и луѓе, Плодови на гневот...) седнува да ѝ напише писмо на Мерилин Монро. „Јас знам дека ти не си создадена од божествен етер, ама тој не знае“, пишува нобеловецот, објаснувајќи една чудна молба за автограм. Баш шизичко писменце.

Стани си утре порано, инфлуенсај си до подоцна

Овдешните можеби уште уживаат во илузијата дека се занимаваат со нешто гламурозно, ама Индонезија е понапред со материјалот па таму капитализмот веќе ја има обликувано дејноста по своите закономерности (сериско производство, оптимизација на трошоците...). Да ѕирнеме во една тамошна фабрика за „контент креатори“: доаѓаш, се пикаш во собчето и осум саата „инфлуенсаш.“

Тишината умее да зборува

Деновиве на Генералното собрание на Обединетите нации му се обратија и палестинскиот и изралескиот амбасадор во ОН. Судејќи по приемот на нивните говори, односно аплаузите или тишината, сеедно, се дознава доста за светското расположение околу случувањата во Газа, малку поинакво од она што се добива како впечаток од западниот печат.

Дебилно значи вирално

Веројатно сте чуле за фамозниот термин “контент креатори“, една булумента ноубадис кои го трупаат интернетот со секакво ѓубре и, се разбира, имаат публика, пошто постои публика за секакво ѓубре. Трендовите им се најчесто глупи но овој меѓу израелските контент креатори е одвратен: да им се ругаат на јадниците во Газа кои живеат со вишок бомби а кусок вода и струја.

Израелски патриот сум, ама....

„Не ми зборувајте за симетрија. Не постои симетрија. Не ми зборувајте ни за конфликт. Постоеше ли француско-алжирски конфликт? Не, постоеше брутална француска окупација на Алжир која конечно заврши. Така не постои ни израелско -палестински конфликт туку окупација која мора конечно да заврши“, порачува наградуваниот новинар, автор и колумнист во Хаарец, Гидеон Леви.

ИДФ најде гориво за хуманитарците на Обединетите нации

УНРВА агенцијата на ОН што им помага на Палестинците во Газа на Твитер се пожали  дека нема гориво заради израелската блокада и дека ако во скоро време не добие ќе мора да ја прекине својата работа. Неочекувано помошта им пристигна од Израелските одбранбени сили.

Во Доминос пак гужва

Една од легендите вели дека во 1990-те сопственикот на еден од Доминос рестораните во Вашингтон, во близина на Пентагон, можел да погоди секој пат кога се подготвува некоја голема воена операција по гужвата во неговиот ресторан. Деновиве во Доминос пак има гужва, што и да значи тоа.

Како сме денес, заморчиња?

Тврдеа дека вакцините се ефикасни и безбедни. Дека го знаат они тоа. Затоа и се бодевме. Сега протече доверливиот документ меѓу Европската факинг комисија и факинг Фајзер. Читаме страна 48, параграф четири: а) непозната ефикасност, б) непознати несакани ефекти, в) непознати долгорочни ефекти. Само профитите им беа познати.

Како звучи израелскиот аргумент за инвазија

Јотам Конфино е дански новинар кој се наоѓа во Израел и присуствувал на една проекција на која ИДФ (израелската армија) прикажува 45 минути немонтиран материјал од злосторства извршени од Хамас за време на нападот на Израел. Конфино си заминал после 30 и нешто минути. Пред да почне да раскажува прашува колку може да биде детален, затоа што содржината е тешка и за слушање, не па за гледање.

Сè е исто, само Ал Капоне не е в затвор

За оние кои се убедени дека живееме во неповторливо значајни времиња, мал „Неделава пред години“ времеплов за тоа што се случувало во светот меѓу 23 и 27-ми октомври. Ќе сфатите зошто е таков насловот и ќе сфатите зошто престанавме да набројуваме настани поврзани со Македонија после европската порака до нас од 2004 година.

Нетанјаху за разликата меѓу трагедија и тероризам

За којзнае кој инцидент меѓу Израел и Палестинците, Нетанјаху во 1986, тогаш како претставник на Израел во Обединетите нации, во образовни цели ги потсетува Британците како и тие кога биле во војна бомбардирале детски болници, чисто за да не мрчат кога други го прават тоа.

Планетава ја посети гласот на Анкудинова

Од вокалниот регистер на Дијана Дмитриевна Анкудинова може малку да ве фати фуфка бидејќи оваа 20 годишна девојка од Русија пее како да доаѓа од Асгард на Тор или некоја друга реалност. Оние во жиријата седат и се чудат, како сме ние повикани ова да го оценуваме?

Кај мајка нема „ама“

Оди објасни и на мајка на девојче како возрасен маж што наликува на крилен центар во НБА а се мисли дека е женско треба да влезе и да користи ист јавен тоалет со нејзината малолетна ќерка.

На Трудо не му успеа да ќари поени на уништувањето на Газа

Дојден за да одглуми колку му е грижа за палестинскиот народ со тоа што ќе се слика со локалните муслимани во Канада, Трудо за кратко време беше попратен од џамијата во Торонто со извици „срам“ и „носи си ги луѓето од тука“.

„Веганските војни“ на Грета Тунберг

ВИ пародија со младата климатска икона, Грета Тунберг (оди ли тоа дете некогаш на школо?), иако со неа никогаш не е јасно бидејќи и сама по себе често е пародија. Грета зборува за потребата од производство на одржливи тенкови, вегански ракети (имаат етикета, не можете да ги утнете на ракетниот пазар), воени авиони на батерии кои ќе носат био-разградливи бомби...

Кинеско беспилотно такси

Од 2017 година биле извршени четири илјади пробни летања и викаат дека сè е ок. Автономното летало на кинеската компанија EHang собира двајца патници, може да помине 30 километри со едно полнење и лета со брзина од 130 километри на час. Таман за по град, наваму- натаму.

За мечките

Тема која кај нас е актуелна пошто во последно време ги имаа бааги (Жировница, Ростуше...), Стојанче ги брка со строг но праведен глас, Владата си дала рок од цела година за решение (значи, 'постхумно'), а оние кои сакаат да ги заштитат, мечтаат за некакви звучни и светлосни ефекти, канти со инсталиран солзавец.... Да тргнеме од Сирија и да стасаме до Русија.

Каков рокер ќе беше Пост Малоун

Музиката која Пост Малоун ја свири и онаа му носи пари, не ја можеме баш нај-нај; хип-поп, клауд-поп, како ли и да се вика тоа (со малку јодлање и аутотјун). Ама дечкото е ултра-талентиран, без пардон. Чат пат ќе отсвири нешто рокерски и ќе сфатиш дека кога некого го бива- го бива. Кантри, уште повеќе. 

Флоскулизација на интернетот

Денес, кога отворате социјални мрежи, ве преплавува цунами од идиотски изреки. „Животот е...“ е омилен почеток на некоја бесмислена умотворба која армија папци потоа ќе ја споделуваат со брзината на нивните лепливи прсти. Дополнете што било после тоа, никаков проблем, флоскулчето ќе ја најде својата публика.

Пјер Полиевр, лекција по искулираност

Канадскиот опозиционен лидер му одржа мастерклас (додека ропаше јаболко!) на еден од оние новинари кои мислат дека со неколку етикети можат го извадат од рамнотежа соговорникот (ко слепецот од БиБиСи кој нагази на Маск, памтите?). Популист, трампист, русофил, говор на омраза... Неколку лесни потпрашања од типот „како тоа мислиш?“ или „дај ми пример“ и таквите- се губат.

Што вика Викиликс за Хамас?

Шефот на израелското воено разузнување, Амос Јадлин, во 2007-ма година: „Израел би бил среќен доколку Хамас ја преземе Газа бидејќи во тој случај ќе може да ја третира таа територија како непријателска територија.“ Јадлин го минимизирал влијанието на Иран во Газа, „сè додека немаат пристаниште.“