Off Topic

Гушнат поп, мирно село

Среде неделна миса, жена го обвинила пасторот дека сексуално ја злоупотребил кога имала 16 години. Свештеникот Џон Лоув го признал делото, рекол дека тоа било погрешно и се покајал. Што направија после тоа верниците од оваа конгрегација во Индијана? Се собраа околу него за да го гушнат во молитва и да му понудат прошка. Жената не беше гушната.

Претседателот кој трпи тежина

Сме виделе и слични вакви па да го видиме и него. Претседателот на Монголија дига 100 кила на бенч. Да потсетиме: Румен Радев се вртеше на шипка за тресење килими а Александар Вучиќ не можеше да си дозволи да му попушти на еден клинец па му залупа банана. Туку, ќе видиме ли видео како Силјановска прави 10 клот-фркет за неполна минута?

Летечкиот килим не е спорен

На Икс се појави видео со објаснување дека настанот се случува на небото над Иран каде човек на летечки килим срушил американски авион од типот Ф-15. За среќа, на Икс постојат „забелешки од заедницата“ кои знаат да фрлат драгоцена дополнителна светлина врз некое тврдење. 

Како се вика најобратно од далтонист?

Еден наш пријател кому не му верувавме дека е далтонист, му покажавме од оние онлајн тестови (кои се користат и за возачка) со шарен круг во кој е впишана бројка. Кога го прашавме што гледа, одговори: Капричиоза! Од друга страна, 11 годишно девојче од Германија, за секунди најде кај е грешката во круг полн со шарени точки. На едно место фалела плавата!

Зеленски можеше да избегне војна

Андриј Богдан, поранешен началник на кабинетот на Зеленски, сведочи дека во 2019 година (пред да почне војната) Владимир Путин лично му пристапил со мировен предлог: да им се даде на луѓето од Донбас посебен заштитен статус и да се стави крај на крвопролевањето на украинските државјани кои зборуваат руски. Каков бил одговорот на Зеленски? Ете, гледате на вести.

Вистинската приказна позади песната Џолин

Тазе земени и уште со не толку пари колку што ќе имаат подоцна, сопругот на Доли Партон почнал да зачестува да оди во банка. Ѝ паднало чудно па и таа отишла. Го видела во опуштен разговор со прекрасна, црвенокоса и долгонога службеничка. Рекол пробува да земе кредит. „Не биваше да најдеш некој давач на кредити со влакнести нозе?“ му рекла Доли и му препорачала да се прибира дома дур е време.

Со ВАР, Голијат секогаш ќе го плеска Давид

Лука Модриќ, број 1 на целиот хрватски фудбал, златен гарант на сите хрватски победи, на овој натпревар изгледаше, се однесуваше и се движеше како Број 1 од Алан Форд. Се разбира, тој не е виновен за поразот. Виновен е како и сите други на теренот, а тие, пак, се невини во однос на оној што ги составил во тимот. А и тој не е толку крив колку очекувањата на заедницата. Таа би сакала играчите што ги правеа среќни да останат вечно млади.

Илон Маск е клошар за Џингис Кан

Нето вредноста на Елон Маск од 1,3 билиони долари е потврдена од неколку извори, вклучувајќи ги Форбс и Блумберг и се очекува човекот да тргне накај два. Импресивни цифри и никој жив ни приближно не му е рамен. Па сепак, во однос на тоа што го поседувал самиот, Џингис Кан би можел да ги списка парите на Маск за бакшиш. Ако Џингис имаше навика да остава бакшиш. 

Европскиот парламент со овации против миграцијата

Со резултат 418-218 (30 воздржани), Европскиот парламент ја усвои „Регулативата за враќање“ со најстрогите правила за миграција во „градината“ последниве години. Ќе има побрзи депортации на одбиени за азил, оние што чекаат одговор ќе чекаат воне-ЕУ земји... Егзалтирани скандираа „Вратете ги назад!“ (Send them Back!). Кога на времето тие им доаѓаа дома како колонизатори, не се бунеа.

Прашање - автогол

Новинар (Питер Дуси): „Еден мудар човек, еднаш, во јануари 2020-та кажа: „Иран никогаш не добил војна, ама, никогаш не изгубил на преговори.“
Доналд Трамп: “Кој го има кажано тоа?“
Новинарот: “Доналд Трамп“.

Културњаци против фудбалери

Статистички е многу полесно да се добие титулата „професионален актер“ и да се живее добро на сметка на даночните обврзници без никакви значајни дела зад себе, отколку да се стане професионален фудбалер и да се живее добро од фудбалот. Но, луѓето кои во своите глави се елита, не можат да дозволат некој да ужива повеќе богатство и почит од нив, а да не припаѓа на нивното милје. Затоа ги презираат оние кои се подобри од нив.

Како мароканската одбрана го проголта нападот на Бразил

Спектакуларно е да се види како фудбалерите на Мароко се движат дефанзивно, главно во 4-2-4 формација. Ова не е случајно, ова е тренирано и вежбано. Како имунолошка Т клетка која се движи синхонизирано за да го неутрализира опасниот вирус кој го детектирала во својата околина. Маестрална тактичка дисциплина.

Џон Малкович: Слушам Хрватска била прекрасна

Пред месец и нешто, Џон Малкович доби хрватско државјанство на основа на своите предци (прабаба и прадедо) кои во 1913 година емигрирале во САД од Карловачката жупанија. Не требаше многу време за  дете страни да профитираат од потегот. Џон Малкович доби тезга а хрватската држава доби шармантен промо спот за својот туризам. Бонус за него: ја виде хрватската ЦИА и научи што е промаја.  

Сиромаштијата никогаш не изгледала поскапо

Прво лошата вест: Вие имате само еден долар. Пар информации за контекст: а) Најбогат човек на светот е Илон Маск  со еден трилион долари. б) Втор најбогат човек на светот е Лари Пејџ со 296,7 милијарди долари. Сега добрата вест:

ВИ како лоботомија со месечна претплата

Како човештвото да не оглупуваше доволно брзо и онака, највидливо кај младите генерации со нивната алергичност на книги, читање и сè што не се скрола, се појави вештачката интелигенција за да го забрза процесот и да послужи како аутсорсинг за сопсттвениот мозок. А како и мускули што атрофираат кога не се користат, како кола што зарибува кога подолго време не се пали... 

Трамп заминува, Кенеди се враќа

Кенеди центарот беше едно од многуте камчиња во чевелот на Доналд Трамп. Преку ноќ го смени раководството, постави свој човек, го стави своето име на чело и по некое време се најави дека центарот нема да работи две години поради неодложни реновирања. Ништо од тоа не издржа. Суд ја поништи одлуката за реименување а работници се фатија да го симнат новото име. 

Саграда Фамилија е (речиси) готова

Папата го благослови завршувањето на највисоката од 18-те кули на божественото ремек-дело на Антонио Гауди во Барселона. Со тоа импозантниот објект кој се гради цели 144 години ја достигна својата финална височина од 172,5 метри. Во иднина ќе се доправа фасадата а потоа на ред ќе дојдат контроверзните скали за кои, во зависност кој план ќе се избере, можеби ќе треба да се преселат од 1.000 до 10.000 луѓе. А и Кичево-Охрид ќе биде...

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Тргаме?

Науката не само што му ги проширува хоризонтите на човек туку и му креира шанси да сонува за далечни светови, светови ослободени од стегите на ограничените работни времиња на локалите, полициските рации и дрегери и слични овоземни секирации. Врзете се, одиме кон центарот на нашата галаксија. Е не, на периферија ќе ти седиме!   

Марк Руте, човекот кој ќе ја клекне Русија

Првиот човек на НАТО е политички двовалентен. Од една страна има јако ниска точка на топење пред Доналд Трамп - му има праќано бесрамно ласкави СМС пораки, субмисивно му се обраќаше со „daddy“... Од друга страна јак е на вилица кога ѝ се заканува на Русија, порачува дека НАТО треба да биде посмртоносен... А уште од млади години е спретен, виспрен, снаодлив, жив ѓаол... 

Ќе добиеш отказ и Трамп ќе ти се насере

После 37 години работење во CBS News и скорешна жестока кавга со претпоставените од легендарната емисија „60 минути“, ветеранот Скот Пили доби отказ. Позадината на превирањата е што матичната компанија на CBS, „Парамаунт“ и нејзините газди Лери и Дејвид Елисон се блиски со Трамп и сакаат да го купат „Ворнер Брос. Дискавери“, во кој спаѓа и Си-Ен-Ен. Заради тоа, “60 минути“ треба да се омекне. 

Двете страни на вежбалната

Што мислите, дали локацијата на оваа вежбална со справи на отворено која се наоѓа во Австрија е повеќе обесхрабрувачка или повеќе мотивирачка? Мотивирачка затоа што те прави свесен дека некои луѓе повеќе не можат да вежбаат, обесхрабрувачка затоа што те потсетува дека вежбал - не вежбал, ќе завршиш од другата страна на тарабата. Во секој случај, мирно место. 

Не изгледајте глупи на автобуска

Генијална, ефектна, вирална, пресмешна фармацевтска реклама. Медиокритетни адвертајзери би ги покажале симптомите на проблемот или би ги демонстрирале ефектите на производот. Овие се фокусираат на нешто друго и тргнуваат по најнеочекуваната можна патека. Знаат дека продуктот лесно се заборава, дека она што се памти е приказната и ситуацијата во која може човек да се најде. Тачдаун! 

Расипан телефон

Мало потсетување како функционира старата аналогна игра кога пораката треба да се каже доверливо, од уво до уво. Во случајов се работи за деца низ чиј ланец треба да се протне првичното „мае гери“, за до крај тоа да стане.... ќе слушнете. Истото ова, на идентичен начин функционира и во дигиталниот свет на социјаллните мрежи, само што е далеку понесимпатично.    

Никотинот како рачна за ковидот

Тео Вон: Има ли некоја група која беше имуна на ковид? Доктор Питер Мекулох (кардиолог): Ќе се смееш, постои една таква група возрасни - пушачите. Мислев дека тие први ќе паднат но тие добиваа само умерени случаи.  И не страдаа од продолжен ковид.  Пушачите имаат никотин во крвта и тој го блокира шилестиот протеин.  

Рокот е мртов ем убиен

Дека рок музиката е во дефанзива, јасно е. Се вртат стари хитови, копиљаци се палат на екс Ју музика (дури и онаа која ние постарите ни тогаш не сме ја слушале), на топ листите доминираат некои други жанрови. Мет Волш тврди дека тоа не е случајно и дека рок музиката, која се поврзуваше со бунтовност и преземање ризици, намерно е потисната за да се замени со друга која ќе ја анестезира младата публика.

Кој тоа ќе душка за Светско

Околу терените на кои ќе се игра Светското првентво во фудбал веќе пробно се распоредуваат полициските кучиња роботи на Бостон Динамикс. Опремени со 360º камери, термални и акустични сензори како и вештачка интелигенција, ќе бидат задолжени за обезбедување периметри и регистрирање аниомалии како што се сомнителни пакети и торби. Засега, нема да апат.     

ЦИА го труела голманот на Англија

Приказната е дека ЦИА му ја труела храната на англискиот голман на светското првенство во  фудбал во 1970 година во Мексико. Англија таму е репрезентација која ја брани титулата светски првак а еден од клучните играчи им е голманот Гордон Бенкс. „“Не мислевте ваљда дека ќе им дозволиме на Англија да го победат Бразил?, рекол еден од упатените. Инаку, тоа е време на Студената војна а Бразил го држи про-американски диктатор.  

Ќе донесат ли закон за задолжително гласање за Израел?

Евровизија беше и помина. Кога ние не сме таму некако поминува полесно затоа што ги избегнуваме сите оние хистерии и дилеми дали ние пративме глупа песна (да) или пак гласањето е комшиска намештаљка (да). Австралија да ти дала нула поени за Израел и ете ти знак за тревога која стигнува до нивниот Сенат. Зошто дале нула, како тоа, кој го составувал жирито... Австралија беше грозна за време на пандемијата, таква и си продолжи. 

Ферари си пукаше во коњот

Фановите на Ферари и неговите безвремени дизајни се шокирани од изгледот на првиот електричен автомобил на легендарниот бренд чиј изглед му беше доверен на поранешниот дизајнeр на Епл (види: Се превртуваш ли, Енцо?). Патем, за аутцето бараат 640.000 долари a има домет колку од Скопје до Белград. Меѓу шокираните е и некогашниот прв човек на Ферари, Лука ди Монтеземоло.