Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Германскиот во споредба со другите јазици

Убавината на германскиот јазик е што е непоправливо неубав. Може и не е баш неубав, колку што е поблизок до клингонски отколку до некој човечки јазик.

Стенковец, кралство Јордан

100.000 мртви на двете страни (и цивили и вооружени) е просекот околу кој се врти билансот на загинати во војната во Сирија. Од оние кои преживеаа, најголемиот дел се пребегани во Јордан. Ова е најголемиот бегалски камп во Јордан, Заатари, со меѓу 120 и 140 илјади бегалци.

За Мухамед и брегот, Барби варијанта

Неколку лудачи по светов пробаа со безброј пластични операции да ги постигнат пропорциите на најпознатата кукла на светот. Бидејќи тоа е невозможно од еволутивни причини, еден дечко ја пробал полесната варијанта. Како би изгледала Барби кога би ги имала пропоциите на просечна Американка. Да, здепасто.

Сам себе го шамарал

Дали е ова местенка или не е местенка, важно дечкото поштено си ги попи сите шамари што му следуваа.

Говоурете македонски

Американскиот Foreign Service Institute направил листа на странски јазици подредувајќи ги по тоа колку им се тешки за учење на луѓе на кои англискиот им е мајчин. Нашиов им е како Зулу.

Ај дека си дрво математика

Игрица со најосновни математички задачи (2+2, 5х6, 10:2...) на која целата идеја и е дека без разлика колку ти мислиш дека си добар во математика и без разлика колку се лесни задачите, пак си живо дрво ако треба да ги решаваш под притисок. Ние стигнавме до 5-то без изгубен живот.

Кое од овие видеа ќе добие Еми за најдобра реклама

Најк, Гугл, Греј Пупон и Канон, се четирите брендови што завршија на списокот со номинации за Еми за најдобра реклама. Прогласувањето на победниците е во септември.

Многу е добро да бидеш овој човек

Дечково со цел памет некако сфаќа дека пчелава му прави "да пукне." Не може да биде посреќен од ова.

Англиски од часови по англиски

Американец, професор по англиски во Јапонија некое време ги собира грешките на своите ученици. Со малку Гугл и Фотошоп прави колекција од работите кажани на неговиот час.

"Момачко" норвешка верзија

Вистинските пријатели се познаваат по тоа колку време и труд се подготвени да вложат во тоа како да те наместат. Во еден од ваков подвиг, група другари на "момачко" го местат идниот зет дека ќе скока банџи од мост. Да им подзавиди човек на луѓево за посветеноста кон целиот проект.

Ако се симне Господ

Ако тргнеме со идејата дека Господ ни ја дал планетава и сè на нејзе, колку би бил напизеден истиот тој Господ кога би видел што се до сега и имаме направено на Земјата и заради кои причини. Еден постар стенд-ап на Луи Ц.К. ама сега направен како цртан.

Епидемија на спонзоруши и слични проблеми за мажи

"Љубоморен сум на жените, не затоа што вам ви се решени проблемите, туку затоа што барем вашите проблеми ги сфаќаат сериозно."

Градот што се движи на две тркала

Како би изгледал град во кој #наточак трае 24/7? Би бил со многу насмеани луѓе, што се многу задоволни од себе и имаат многу разбирање за сите околу себе а.к.а. Амстердам.

Во фабрика за вистински силиконски кукли

Се произведуваат во Калифорнија, чинат 6.000 долари, може да ги добиете по нарачани димензии и можат да ви послужат за многу работи.

Никогаш не било полесно да заборавите нешто

Tile е едно пинцурско уредче кое ќе ви ја реши комплетната лоша карма во животот на тема - каде ги оставив клучевите, каде ми е велосипедот, во која чанта ми е новчаникот, каде паркирав синоќа.

Понеделник

Ако ви е некаква утеха не е дека вашата работа не чини, туку едноставно работата не чини.

За што зборуваат луѓето што немаат проблеми

Види што убав може да биде парламентот во убави држави. Канадскиот парламент и една од нивните седници со пратенички прашања.

Кога недолжните враќаат

Битка која човештвото ја влече од самите свои почетоци. Едните се недолжно глупи примероци на луѓе, другите се само недолжни предмети. Дарвин и не работи така брзо.

2013-та, полугодишен извештај

The Mill се глобална фирма за визуелни ефекти, полна со луѓе кои сериозно ги бива со камера, ефекти и компјутери. Еве годинава што имаат сработено.

Имаме доволно храна во светот за никој да не биде гладен

На тие што се растени со дедо одамна им е познат концептот "има сè да изедеш, затоа што не планирам да фрлам јадење." Една од клучните бројки за храната во светот е што моментално произведуваме 27% повеќе храна отколку што ни е потребно, а и покрај тоа има 870 милиони гладни луѓе на светот, а 2,5 милиони деца секоја година умираат од глад. Главни причини за ова се фрлањето и лошото управување со храната.

Квин инсепшн

Голем концерт на Грин Деј во Лондон на Емирати стадионот. Додека публиката се собира и чекаат да излезе Грин Деј, на радио ја пуштаат Bohemian Rhapsody од Квин. Еве што се случува.

Трејлер за филмот на годината

Иако Нет Рулет е главната позиција на сајтов за промоција на најнови трејлери, некогаш има епски достигнувања во кинематографијата кои заслужуваат поголемо внимание. Ви го претставуваме првиот трејлер за Sharknado, со маестралните Стив од Беверли Хилс и Тара Рид.

А ова си ти на мотивација

Периодот од моментот кога ќе добиеш мотивација за сите оние ветувања: ќе држам диета, ќе вежбам, ќе ја прочитам книгава, нема да застанам на пијачка на враќање накај дома; до моментот кога стварно треба да го направиш тоа, собран во 6 секунди.