Стенковец, кралство Јордан

100.000 мртви на двете страни (и цивили и вооружени) е просекот околу кој се врти билансот на загинати во војната во Сирија. Од оние кои преживеаа, најголемиот дел се пребегани во Јордан. Ова е најголемиот бегалски камп во Јордан, Заатари, со меѓу 120 и 140 илјади бегалци.

Бегалскиот камп е отворен на 28 јули 2012, за да ги смести бегалците од граѓанската војна во Сирија.


Знакот пред Заатари бегалскиот камп, во близина на јорданскиот град Мафрак.


Во Заатари бегалскиот камп сместени се околу 120.000 бегалци.


Според други процени, бројката е многу поблизу до 140.000 бегалци, што би значело дека тоа е четвртиот по големина град во Јордан.


На главната улица во кампот, функционираат привремени продавници додека бегалците продолжуваат со својот секојдневен живот.


Две момчиња гледаат во ѓубрето фрлено во еден ров во кампот.


Во пожар кој избувна на 8-ми март годинава, загина еден 40-годишен Сириец, а две деца имаа сериозни изгореници.


Околу 60.000 жители на кампот се деца.


Се проценува дека во Јордан моментално има околу 500.000 бегалци.