Говоурете македонски

Американскиот Foreign Service Institute направил листа на странски јазици подредувајќи ги по тоа колку им се тешки за учење на луѓе на кои англискиот им е мајчин. Нашиов им е како Зулу.

Јазиците се сместени во 5 категории, во зависност од тоа колку просечно време е потребно да се научат. Во најлесната група се јазици кои се зборуваат во западна Европа, меѓу кои и норвешкиот (како се учи норвешки бе?) за кои на Американец му се потребни 22-23 недели.

Македонскиот е во четвртата група јазици за кои се потребни двојно повеќе - околу 44 недели вежбање. Во нашата група се мешавина јазици, од источеноверопските, до зулу и урду.

Најтешката група се овие кинeско/јапонски.

Интересно е што во причините заради кои треба да се научи македонскиот јазик, институтов наведува дека тој може да се смета и за своевиден регионален јазик.

Листата е тука

19 јули 2013 - 13:49