Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

1.000 години Европа

Како Македонец го гледа ова видео: Прилично лежерно и без многу внимание, после доаѓа 1.900-та година и ставаш на фулскрин да не ти промакне нешто.

Симфонија на Жилет

Пред некое време ова го направи Најк со баскети, па после и секакви топки, сега Жилет реши да компонира со тегови и слични фитнес справи. Одлично.

Ферка на мускули

Од една страна дечко што професионално се турка на рака, од друга страна дечко што професионално крева тегови. Три, за позор...

Бен Афлек проговори за Бетмен

Без да навиваме за човекот, за после да не излезе "вие го браневте, вие да си го гледате," ви ја пренесуваме првата реакција на Афлек околу добивањето на улогата на Бетмен и апокалипсата што следуваше по ова.

Секогаш понесете памет со себе

Живот да ти се скрати кога ќе видиш колку малку треба живот да ти се скрати.

Второто

Дали сообраќајните знаци со некогаш блесави ограничувања на брзината служат за безбедност на возачите или за да можат цајкани да се кријат и да казнуваат.

22 правила на Пиксар за раскажување приказни

Ова го имавме во пишана форма, сега го начекавме во многу полезетско издание - со слики. Правилата за раскажување ги собрала од Ема Коатс од нејзините постари колеги додека работела како цртач на анимираните филови на Пиксар. Списокот објаснува дел од формулата како Пиксар создава ликови за кои веднаш почнуваш да се грижиш и кои ги паметиш долго време.

Брутално искрени совети за врска од 98-годишна жена

Текстот е извадок од книгата "Можеш да бидеш во право (или може да бидеш во брак)" во која Дана Адам Шапиро прави колекција на интервјуа со разведени мажи и жени. Конкретнава приказна е од 98-годишна жена која има 2 деца и 3 брака.

Кога зборови не се потребни

"Без разлика каде и да сум, со секоја публика можам да се разберам вака," (терцата најјака) вели Боби Мекферин, познат по хитот Don't worry, Be Happy, инаку вокалист, музичар и во случајов, диригент.

Тренер за Самарџиски

Центарот на македонската кошаркарска репрезентација треба да го испратиме кај овој Русин за КОНЕЧНО да разбере дека кога очекуваме од него да ЗАКУЦА баскет со своите 216 сантими, НЕ бараме многу.

Студентски проект во пракса

На студент по архитектура му здодеало да се тупи за концепти, да црта непостоечки згради за измислени клиенти. Па решил за не големи пари да купи стар ученички автобус (три бона), да го преправи (шест бона) и сега ја тестира "функционалноста на својот проект" акајќи по Америка со своите пријатели. Е, не.

Репринт: УКИМување на разумот

Како што читаме, Синодот на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" и оваа академска година решил да ја започне во црква. А кога тие упорни, и ние упорни.

Бас да свири, јас да умирам

И да го знаете евергринот на Стиви Вондер "For Once in My Life", можно е да не сте свесни колку е преубав басот кој го свири Џејмс Џејмерсон. Некои басови само думкаат а маестро Џејмерсон би можел слободно да свири и во бенд на Моцарт. Визуелизирано, вака:

Кога ќе дојде ред да ги менуваш страните во животот

Ништо идеолошко, чисто Шведска. Првиот ден од воведувањето на законот за возење од десна страна.

Рецензија на денот: Акомодатор

Што мислат другите корисници за производот кој ве интересира е една од најдобрите работи кај интернет шопингот. Ако безрезервно и доволно долго им верувате на таквите рецензии, еден ден и вие ќе можете да се пофалите со инжинерски ум.

23 животни вистини од Луи Ц.К.

По повод 46-от роденден на Луи (кој по сите правила му беше вчера) едно комплетче од негови мудрости од изминативе неколку години, кои и понатаму важат.

Ѕвезди на 70-ти

Во овие 40 години некои остареле, на некои им успеало да останат исти, некои само изгледаат поискусни, плус Мерил Стрип.

Започни нешто ново

Не е дека не вреди да се бориш за старото, ама некогаш се исплати да почнеш и нешто ново. Исто трошиш енергија, а сешто може да се случи. Без разлика колку си стар.

На сред аукција тапан чука

Scat talk-от на професионалните американски аукционери отсекогаш нè фасцинирал. Отприлика ова го разбираме: "банбара-банбара-банбара... продадено". Но, ние сме аматери. Пазете го тапанаров како го кине, од а до ш.

Зошто бе слепец?

Многу, многу е добро да се има ваков другар. За отпосле да му се каже: Е јеби га, ми брзаш! Ај пак!

Упатство за станување маж

Не е официјално и не е напишано во камен, туку доаѓа од една од најголемите финансиски институции во светот - Голдман Сакс, која истовремено е и една од најголемите збирштини на тестостерон, пари и амбиција во светот.

Реклама за сите пари

Видеото е комплетно лудило, веројатно не толку во делот како да се сними (иако и тоа изгледа прилично комплицирано), туку во делот како од празен лист хартија се развива идеја која изгледа вака. Видеово е снимано 6 дена на локации во Данска, Германија, Чешка и Романија, и тоа за време на некои од најголемите поплави во Европа.

ONE MONTY. ONE PYTHON.

Поради страв да не се утне финансиски, трејлерите за денешните филмови се прават комплетно некреативно и сите личат едни на други. Како би изгледало кога во калапот би се сместиле едни од најуникатните на сите времиња? Гарант би ги пропуштиле.