Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Она што останува кога ќе умреш

"Shit my Dad Says" беше една од најбурлeскните приказни што му се случиле на интернетот. Син почнува да ги твита работите кои у пролазу ги одаламува неговиот стар татко. А стариот - гениј. Накурчен, џангризав, недоверлив, саркастичен, циничен.... Потоа стануваат интернет ѕвезди, прават од тоа книга, ситком со Вилијам Шетнер и сè како што треба. Деновиве, истиот тој син го посетува истиот тој татко, кој сега полни 78 години. Еве ја приказната за што зборувале.

Како се изговара модата?

Многу корисно видео, за сите оние кои сакаат да бидат во тек со модата и во друштво да ги изговараат сите оние егзотични брендови од тој свет. А да не испаднат морони. Значи Зења а не Зегна, значи ЖивОнши а не ЖивАнши. Не дека нам ни прави разлика, ние и онака си купуваме од пазарче.

Видео за генерички бренд

Ги има сите елементи: клучни зборови, демографии, социјални групи и скриени пораки од секое можно корпоративно или бренд видео. Затоа што добар дел од народов нема никогаш да го изгледа клипов, може да го користите како шаблон ако некогаш треба да работите на темата.

И би посно

За тие што се решени и веќе ги тераат Велигденските пости, Мои рецепти склопија плеј листа од 58 посни видео рецепти кои се понапредни од леб и џем или геврек. Останатата публика треба да ги разгледа рецептиве по основа дека има еден куп добри опции за гарнир.

Бајкерките од Маракеш

Тоа што остатокот од светот има фабрички ставови за Мароко е проблем на остатокот од светот, е ставот на мароканскиот фотограф Хасан Хаџаџ. За запознавање со "живата култура на независни жени" тој направи фотосесија со моторџиките од Маракаеш, обични жени, мајки, домаќинки или вработени, кои не се организирани во некоја банда туку само сакаат возење мотор.

Некомпромитиран

Ауди го зема Рики Џервејс за главната улога во новата кампања за Ауди А3. Проблемот со Рики Џервејс е што е бескомпромисен па или го сакаш или не го поднесуваш, плус треба да им го продадат на Американци. Ауди, поточно агенцијата Venables Bell & Partners му ја наоѓаат совршената улога и сценарио, за сето ова да изгледа совршено.

Легендарната банана за Боно

Концерт на U2 во Глазгов, Шкотска. Во еден момент, Боно бара од публиката апсолутна тишина. Цел стадион се стишува....

Курте, врати се

Навршуваат цели две децении од самоубиството на Курт Кобеин. Клипот што изгледавме нè тера најавава да ја продолжиме во овој правец: Курт Кобеин беше еден чичко кој свиреше и пееше во една група што се викаше Нирвана. Група е кога неколку луѓе прават и свират иста музика. Свирење е кога имаш инструмент па на него произведуваш тонови по свој избор. Инструмент е парче хардвер на кој човекот му се софтвер. Ете така. Одиме сега да го соочиме чичко Кобеин и Нирвана со новите генерации, да видиме каде тоа нивно музичко семе паднало на плодна почва а каде завршило на модерен плексиглас.

Фарел и Јужни ветар

Хепи на Фарел доби интересни, забавни, тажни, добри, моронски, нечовечки глупи и "уби ме туѓа срамота" верзии на видеото. Ова е ништо налик нив, ова директно се пакува во кутија "легендарно."

Симулацијата може да почне

Сеат во најскоро време вади нов модел на Купра, ама има фанови што не можат да дочекаат и цело време прават тензија за да го пробаат новиот модел. Сеат им објаснува дека колата не е готова за тест, ама ако сакаат можат да дојдат да го пробаат симулаторот на овој модел.

Убаво е кога е мешано

Во лондонска катедрала, босански глас, ерменски дудук и македонска песна. Инџој.

Кругот е малечок, а омразата е во сите

Прво ќе научите многу британски зборови за омраза по најразлични основи, второ ќе научите зошто не треба да мразите.

Кратка историја на Балканот

Го прескокнуваме делот со античките народи и почнуваме директно од моментот кога Словените стапнуваат на Балканот. Периодот од тогаш до сега, генерално вака звучи:

Фала ви што сте толку кул за сè

Како што знаете изминатите неколку недели беа луди. Минатиот месец, протестите во Украина го сменија про-рускиот претседател на земјата и тоа започна бран на украински национализам кој е закана за дестабилизирање на рускиот економски и воен интерес во регионот. Секако, не можев само да седам на страна и да оставам ова да се случи, заради што интервенирав и наредив насилно заземање на стратешки важниот полуостров Крим - територија со историски врски со Русија, која нашата нација одамна ја посакува.

Првиот твит на твитерашите

По повод роденденот Твитер пушта алатка која го наоаѓа првиот твит на кој било твитерџија. Еве кои беа првите зборови на Сеад, Сулиманович, Џиги, Братот, Васиљ, Бетмен, неколку политичари и медиуми.

Засега без добар наслов

Не е тајна дека во офф имаме фетиш кон насловите (фала му на Ферал за тоа), иако останува отворено прашањето дали е баш точно тврдењето на еден пријател дека подобар наслов од овој никогаш нема да имаме. Некогаш ти доаѓа добар наслов ама ти е некако "премногу" па решаваш да одиш со класика. Токму такви случаи, кога уредници во медиуми имале дозлабога згоден наслов, ама им се видел незгоден.

46 работи што нема да ви се верува дека се точни

1. Ако ставиш прст во уво и почнеш да чешаш, ќе ти звучи како Пак-ман.

2. Русија има поголема површина отколку Плутон.

3. Ана Франк, Мартин Лутер Кинг и Барбара Волтерс се родени во иста година - 1929.

Интернет, го гледаме погрешно

Е, да, лесно е да кажеш дека некој во жица видел спојувалка. Сега и ние ја гледаме така. Ама овојпат, жицата ни е пред нос. Со години.

За важноста да се игра со оган

Преку интернетот и безбројните мобилни апликации, допирот на младите со светот станува сè повеќе посредуван. Во Велс се досетиле како да ги спојат со реалноста и притоа да обноват едно загрозено однесување: играње со ризик. Бидејќи ризикот (вистинскиот, не оној кој се средува со: play new game) ги остри нивните способности. Звучи помпезно а ич не е. Како во нормално предградие на Скопје.

Кој сака во украинска војска?

По руски сајтови со огромно доза задоволство и сеир се врти оваа стара реклама во која се повикува на вклучување во украинската војска бидејќи е тоа шик и жени ќе те обожаваат. 

Oва е животот, и ништо не му можеш

Луи СиКеј на радио кај Стивен Мерчант, објаснува дека сите оние што се во публика на шоуто "Inside the actors studio" и им поставуват прашања на славните никогаш нема да станат актери, без разлика што и да направат: "Нема шанси дека ќе му поставиш прашање на Шон Пен и потоа ќе станеш ѕвезда." Видеово е дефиниција за животиште.

Танчерот

Видеово ќе го изгледате по две основи: да видите какви движења има Кристофер Вокен, и за да ја ислушате песната без никој да ве руга.