Курте, врати се

Навршуваат цели две децении од самоубиството на Курт Кобеин. Клипот што изгледавме нè тера најавава да ја продолжиме во овој правец: Курт Кобеин беше еден чичко кој свиреше и пееше во една група што се викаше Нирвана. Група е кога неколку луѓе прават и свират иста музика. Свирење е кога имаш инструмент па на него произведуваш тонови по свој избор. Инструмент е парче хардвер на кој човекот му се софтвер. Ете така. Одиме сега да го соочиме чичко Кобеин и Нирвана со новите генерации, да видиме каде тоа нивно музичко семе паднало на плодна почва а каде завршило на модерен плексиглас.

Бебето од легендарниот кавер на Нирвана....

Денес има 22 години и изгледа вака:

А сега клипот, копиљаци гледаат спотови од Нирвана. Особено вториот им прави blue screen of death: нит им има нешто логика ниту им се верува дека тоа некогаш се пуштало по телевизии.

25 март 2014 - 09:10