Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Што знае женско што е Мустанг

Веројатно нема комбинација на зборови како "да не треба да смениш брзина" кои можат така инстантно да запалат девојка. Момциве се по случаен избор, девојкава воопшто не е по случаен избор.

Украинска дебата за и против корупција

Во оделото е Вадим Ивченко од Татковинската партија, бизнис-кежуал е Јегор Соболев од централно-десничарската партија Самопомоч, темата им е законот против корупција.

Кога ќе ти се случи публика

Пејач на сцена вади пријател што треба да му се приклучи во свирката, и објаснува како наместо да вежбаат си правеле мераци со АЦ/ДЦ. Сакаше да им пушти само еден риф, публиката сака цела песна.

Овојпат "НЕ" за вакцините

Бидејќи со самото спомнување на зборот "вакцина" читателството веднаш се поларизира, сакаме да ви понудиме еден текст во кој не се спомнуваат никакви вакцини и во кој ниеднаш нема да го сретнете овој омразен збор. Се работи за кочници.

Ова е спот бе клошари

Да почнеме од крајот: Џен Тери е толку најјака што Мерилин Менсон редовно ја вика да настапи со своја точка на неговите приватни забави. Аве Џен Тери, кралице наша што си на небесата!

Професија: татко

Делот од татковството што не се вежба, туку ти доаѓа во моментот. (Освен во случај кога нема да ти дојде, па после детето ти е криво.)

Ова не треба да функционира вака добро

Ја гледаш Бијонсе, ја слушаш Адријана Кеш, нормално со - Кеш. Човекот што ни го прати видеово, вика ние сме го инспирирале. Не ни е јасно како, ама нема да му се противиме.

Бруталната прва критика на Стив Карел

Лекцијата е не се откажувај, дури и да бидеш најлошото нешто што до тогаш воопшто се појавило на телевизија, и на луѓе да им се мачи додека те гледаат.

Филмската еволуција на Бетмен

Од човек во летни пижами со вешот одозгора, до траорно мрачниот лик што го создаде Кристофер Нолан.

Проблемот со акционите филмови

20 минутна беседа на темата од насловот. По точки, се разгледуваат следните проблеми: 1. Приказната; 2. Херој; 3. Негативецот; 4. Акробации / каскадери; 5. Камера; 6. Ранливоста на херојот;

Другиот во името

Едно посебно глупо меме кое дава воодушевувачки добри резултати, барем ако ти се интересни глупи фори. Да не имате некој локален предлог?

Како да измиеш 100 чинии за 1 минута

Како луѓе кои ништо не работат брзо, редовно сме воодушевени од луѓе што ултра брзо и поштено си ја завршуваат работата.

Другари, недругари и ти

Луи Ц.К. за потребата од време на време да си признаеш сам на себе дека си шупак, и дека не можеш да имаш контра-аргумент кога некој ќе ти каже дека си.

Писмо од ќерката

Не знам како ме фати оволкава тага видео на денот. Инаку, видеото е реклама за животно осигурување.

Ентони Бордејн и како се калеше тиганот

Сиракјуза, Њујорк, Бордејн во посета на еден занетчија кој прави тигани од лиено железо. За да биде максимално социјално одговорен, тиганите ги лие од стари делови од автомобили, најмногу дискови од кочници, а печката му работи на користено растително масло. На крај, пак бифтек.

Европа + 125 метри вода

Идејата за Егејско море кај Гевгелија е комплетно остварлива ако морското ниво порасне за 125 метри. Проблемот е што моментално морското ниво расте за 3 милиметри годишно.

Слушајќи го Тарантино

Освен за дијалогот и камерата, Тарантино е претерано пицајзла и за звучните ефекти, кои совршено го надополнуваат секој потег на соодветниот лик.

Запри го моронот

Затоа што ниту една промена нема да се случи додека не излезеш на улица, дечкиве веќе некое време се на терен и успешно резилат возачи по Москва заради најидиотски прекршоци. На пример, возење по пешачка патека.

6 годишниот принц на боите

Бизарна и претажна е потврдата на старата фраза "животот е краток а уметноста долга" во случајот на Едмунд Клинт. Едно мало детенце од Индија кое на Земјава беше присутно нецели 7 години а зад себе остави преку 25.000 уметнички дела.

Јавајќи ја светлината

Знаеме дека светлината е најбрза и дека нема побрза од неа (освен кога ептен ти се оди во веце). Но, ставајќи ја таа брзина во перспектива, во однос на огромното пространство кое таа го минува (не е ова Скопје- Велес), тоа изгледа фасцинантно бавно. Патувајте со еден фотон, од Сонцето до Меркур, за 40тина минути, таму сте.

Калеш Анѓа на квиз

Тој ѝ кажува збор, таа не го слуша ама треба да му го прочита зборот од уста. И, главно си лаат еден на друг. Арно викаше нашата, турски не разбирам. Ама Анѓо бре, па сè се учи.

За вакцините (пак)

Затоа што уште нема вакцина против инаетење, некои работи треба пак и пак да се повторуваат. Стујарт пак ја фаќа темава откако во САД се појави епидемија на сипаници, предизвикана од истата причина на која се предупредува цело ова време - деца што не се вакцинирале.

Манијачки проблеми на мажи што не се манијаци

Правилото е дека сè што може да направи маж, може да биде негативно протолкувано. И тоа не од непријателот (жена, девојка), туку општо, од сите.