Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Како се вежба трицепс

Неколку моменти што треба да се внимаваат, околу клипов: цигарата, тресење на цигарата на тепих, Jesus Christ. Инаку за вежбање трицепс за маса треба да се знае: то је килажа, то су мишичи, то је снага.

Кога Ставревски ќе ни каже дека буџетот (не) е празен

Нема да ви треба многу објаснување за тоа кој е кој во ова видео. Министерот ќе го познаете по професионалноста и умешноста а себе ќе се препознаете по - смислата за хумор.

Кога дебелките ќе се замислат

Boogie2988 е еден Јутјуб лик со речиси 3 милиони следбеници на својот канал, кој генерално расправа видео игри, ама фаќа и други теми. Инаку Буги е дебел, околу 140 килограми дебел, и до пред некое време помирен дека како таков и ќе умре. Не дека не пробувал да ослабе, ама генерално не му успевало. Еден од тренерите со кои се обидувал да ослабе, деновиве му праќа линк од Јутјуб.

Дефиниција за советските лидери од 20-от век

Метафората за владеењето на овие тројца го дава професор по историја. За почеток замислете воз.

Т-а-т-к-о на денот

Еден баш фин пример дека не е битно колку некој татко е паметен или писмен, туку колку убави спомени ќе остави зад себе. Бонус лекција од него: кул е да се смееш на самиот себе ако си испаднал глуп.

Please Stand-Up - Републиканска

Како имаат време да прават вакви монтажи? И како е можно да се толку проклето добри во тоа?

Од кал да си, на руска свадба да си

Ако македонската е крвава а грчката дебела, тогаш руската свадба дефинитивно е каллива. И како после да не пијат сватовите, кога ќе им текне дека треба да го јадат истиот пат за назад?

Две приказни за ѓубрето

Едната е за Њујорк и комплексот кој го обработува отпадот што доаѓа од градот (за сега добиваат само 45% од целиот отпад што може да се рециклира). Втората е за Камикатсу, јапонскиот град кој не остава никакво ѓубре и отпадот го делат во 34 категории за рециклирање. Луѓето по дома го делат ѓубрето во 34 категории.

Џон Стујарт се врати во Дејли Шоу (на кратко)

Американскиот конгрес под притисок од јавноста пред 5 години одобрува финасирање за еден многу човечки проект (помош во лечењето на луѓето кои први пристигнаа да помогнат кај кулите близначки), што беше поздравено, и од двете страни промовирано како нивен успех и сериозно остварување на законодавците. Во септември завршија овие 5 години финансирање, но не и лечењето на луѓето (имаат рак), а конгресот одби какво било продолжување на проектот. Џон Стујарт пред 5 години беше еден од предводниците на иницијативата за овој проект.

Како да коментираш нокаут од 9 секунди

Неповторливо добра анализа на ММА борба, која како за рецензија на тепачка носи многу силна, налик басна, порака. Коментаторов многу квалитетно го уништи тепачов.

Дедо е жив!

Чак Бери е човекот од кого почна сè, ама апсолутно сè од она што денес го знаеме како рокенрол музика и нејзините мал милион деривати. А токму рифовите од неговата Johnny B. Goode сe оние кои ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси.

Големина версус техника

Уште еден од оние докази дека техниката е многу поважна од големината. Девојче руши соученик кој игра рагби во нивниот школски клуб.

Како да познаете дете со сина крв?

Мулај Хасан е син на мароканскиот крал Мохамед Шести и принцезата Лејла. Престолонаследник е, еден ден ќе го наследи тронот на својот татко. А малиот веќе е аристократ кој не дозволува возрасните луѓе со кои еден ден ќе владее, уште сега да прават будали од себе. 

Како се калеше иглуто

Застануваш кај што има снег. Секаде има. Почнуваш да сечеш блокови. Ги редиш во круг, еден над друг. Знаеш како, и ти успева затоа што си Еским и цел живот сечеш блокови и ги редиш во круг. Оп, иглу.

Со мечиња да не фрлате

Колку плишани мечиња собира на игралиште за хокеј? Рекордот што е поставен во неделата на напреварот меѓу Калгари Хитмен и Свифт Курент Бронкос е 28.815. Сите овие мечиња потоа се собираат и се делат на околу 60 добротворни организации. ЕДИТ: отец Пимен реагираше со хокеарска брзина.

Уметнички колаборации од троседот

По примерот на соработката на некои од најголемите уметници, како Луис Буњуел и Салвадор Дали или Енди Ворхол и Жан-Мишел Баскијат, татко седнува и започнува колаборација со своите деца. Они цртаат, ко што цртаат дечурлана, а он после средува. Целата работа толку добро им оди, што други родители почнуваат да ги носат децата на цртање.

Зошто треба да одиме на Марс?

Доктор Роберт Зубрин е основач и претседател на Марс здружението на НАСА. Ова е неговиот брилијантен одговор на прашањето кое го знае како секој ден да го одговара пред самиот себе.

4 години од смртта на Гоце Арнаудов

19 август 1954 година - 6 декември 2011 година

Зошто?

Перформансот е следен: девојка ја забива главата во нешто лебасто, и упорно продолжува додека комплетно не го раздроби парчето тесто. Зошто? Е зошто де...

Ако сте по лутото

 А овие двајца - се. Едниот има емисија за луто а за другиот е јасно ако знаете дека се вика Чили Клаус и важи за Мајкл Џордан на лутите пиперки. Откако ќе изгледате како симфониски оркестар свири под дејство на луто, доаѓа  вистинскиот предизвик. Пред себе имаат три вида пиперчиња. Од едните дури и слоновите повраќаат. А тие не се најлутите. Пазете го Чили Клаус какви "стомачни ритрни" преживува!