Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Вегапчиња?(??)

Ова со никого не беше зборено!

Што оригинал ти треба?

Ако во скоро време имате купено некој нов скап еркондишн, има големи шанси видеово да ви направи јанѕа. П.С. ова не важи само за клими.

Скот на патот

Приквелот на видеово не го знаеме, ама тешко дека овој и пред сам себе има алиби за потегов. Тек па тој во пикапот како да си го објасни денот.

Интернет оф шит: чајник од 400 долари

(Чисто против уроци, да кажеме дека може да дојдат и бетер.) Пред некое време ја пренесовме веста за бескорисниот паметен соковник од 400 долари (на попуст од првичните 700). Има барем еден човек на светот што ја прочитал веста, целиот исход од неа и сето тоа го доживеал како одлична бизнис идеја. Тој човек направи паметен чајник.

Навредливо добар начин за складирање патлиџани

Не, не е фората со "не ставај патлиџан во фрижидер", ставај за да не треба да се бориш со муви после 3 дена (ем, што човек треба да си за да јадеш салата со топол патлиџан?). Фората е како ќе го ставиш во фрижидер. До сега сè наопаку сме правеле.

Работна акција - контејнер

Иако е амбициозно тврдење, ама веројатно и нема друго видео на интернет со толку прекршени правила за безбедност на работа и безбедност во ракување со тешка машинеријa.

Има ли доктор на протестот?

Толпа луѓе се појавува на закажан протест против вакцинирањето деца. На протестот се појавува и еден лик со микрофон, со налик проста мисија - меѓу сите тие луѓе да најде еден доктор. Зошто се запнал да најде доктор? Затоа што едно од тврдењата на овој тип луѓе (а се посебен тип) е дека нивното тврдење е подржано од илјадници и илјадници медицински лица.

Туѓи навики и твои нерви

Ако во сета своја блаженост денес не најде причина да се изнервираш, дај наваму еден клик и бирај си ја нервозата.

Толку малку зборови, толку многу емоции

Сè што му треба на Балканец за снаоѓање во Виена е една фраза. И нормално фразата не е ништо комплицирано, просто: пичка ти материна. Она што фасцинира е ликот како до совршенство ги има совладано сите можни емоции кои излегуваат од оваа фраза. А ги има.

За возбудата околу богот на кичот

Името е Џеф Кунс, стилот е кич, иако кога ќе ги споиш двете Кунс кажува "кич е збор во кој не верувам." Делата што ги прави се продаваат за суми над 10 милиони (знаат да стигнат и до 30), а годинава МОКА (Museum of Contemporary Art) го избра Кунс за носител на гала вечерта за 2017. По повод последново изработено е неколкуминутно видео за Кунс, со нарација на Скарлет Јохансон.

Копиљаците го возвраќаат ударот

Како што традиционално ги ремети децата за време на Денот на благодарноста (кажете им на вашите деца дека нема благо) и за Божиќ (поклонете им глуп поклон, на пример банана), така Кимел има традиција и за Денот на татковците. И изгледа дека може само да ти биде криво ако не си им наштетил на малите кога си имал шанса.

Сите сте вие божји мачиња

Признаваме дека не сме најупатени во тој жанр ама во црковното пеење на Запад во меѓувреме се имаат случено некои заебани реформи. Децава пеат како ангели ама може се митарат. Ништо не ни е јасно.

Со хармоника по рабовите на џезот

„Сопрано етно џез“ се вика овој супер интересен музички ролеркостер на хармоникашот со врвна техника, Мишел Трајковски, придружуван од џам инструменталисти. На самиот почеток хармониката на Мишел може да ви прозвучи богохулно, ама опуштете се, многу е фраерска и заебантска. Чудни се патиштата џезерски. 

Складиштето

Во 2005 ураганот Ервин уништува огромни (ама огромни) површини шума во Данска и Шведска. Сите паднати трупци ги собираат на едно место. Резултатот е ова складиште.

По пожарот во Португалија

Снимка од дрон по гасењето на пожарот во кој загинаа над 60 луѓе а 59 беа повредени. Пожарот започна попладнето во саботата и за кратко време, благодарејќи на температурите кои достигнуваа до 40 степени, успеа да се рашири во околни 3 општини.

Одмаздата на градинарот

Ако сме прецизни, човекот е арборист (да, како Дејан), што во превод значи некој кој професионално се занимава со одгледување и изучување дрвја. И ретко кој станува арборист заради слава, туку најчесто тоа се прави од љубов кон дрвјата. На истиот овој човек, градските власти и придружен апаратчик предводен од градоначалникот решаваат да му го исечат 30-годишното здраво дрво во двор, затоа што почнало да им го поткопува тротоарот. Како што решаваат така и прават. По нив, доаѓа на ред тој.

Не е секоја вода за пливање

Тоа што водата е мирна и изгледа пријатно а вас ве фаќа жештина, не значи дека одма треба да рипнете во неа. Не знаеме што чудесии се оние, ама, после ова и Матка поинаку ќе ја гледате.

Сирена за секоја прилика

Добар дел од аудио загадувањето на секој град се автомобилските сирени. Се користат во толку многу различни ситуации а сепак на располагање имаме само една, дифолтна. Како кога би требало сите животни ситуации да ги решавате само со една пропишана реченица. Можеби ни требаат неколку сирени, за понијасирано комуницирање во сообраќајот. Од суптилно пингање до урлање. Погодете кое копче кај нас прво ќе се расипе? 

Права домаќинка

Краток клип кој може да послужи како попис за трите елементи кои треба да ги поседува секоја жена за да ја заслужи таа титула. Количка за пазарување, возење во јавен превоз и водење сметка во секој момент да се изгледа средено. И не се вадете, ако немате количка, можете да имате барем брич.

Дамите бираат

Интересна теорија на професор од Јејл за тоа како женката еволутивно ја има уљудено машкоста кога наместо поголемите и посилните мажјаци, таа почнала да бира помали модели за партнер. Бидејќи оние првите, ем посељачишта ем поопасни за потомството.

Гуштерски живот Јужна Кореја

За разлика од вашето служење, задолжителниот воен рок во Јужна Кореа трае 2 години и нема бегање од тоа. Другото, војска ко војска, само ти викаат и ништо не чини.

За преварантцките работи

Џејмс Ранди е ловец на измамници од типот јасновидци, исцелители, магионичари, луѓе со натприродни моќи и сличен еснаф што заработува на туѓа мака, на кои им нуди 1 милион долари ако можат да го докажат тоа што го тврдат. Веќе 20 години никој ја нема земено наградата. Во еден од обидите маж ги покажа своите моќи вртејќи страни од именик со поглед. Во вториот обид, Ранди му истури пердуви околу именикот и го остави да врти. Човекот се откажа.

Вирусот наречен летен хит

Дечките имаат ноќна мора од Деспасито, неподносливата латино нумера која ечи од сите страни. Органски не се издржува ама исто органски не можеш да ја ескивираш. Да се разбереме, сите летни латино хитови се неподносливи. Како ли ги штанцаат така глупи а заразни?

Отровни фотошоп финти за зеленчук

За да се труе народ, не треба некоја голема завера од Монсанто, доволна е и лакомоста на обичните трговци - поединци. Преварантите одамна знаат дека секој сака зеленчукот што го јаде да е свеж, зрел и привлечен.