Интернет оф шит: чајник од 400 долари

(Чисто против уроци, да кажеме дека може да дојдат и бетер.) Пред некое време ја пренесовме веста за бескорисниот паметен соковник од 400 долари (на попуст од првичните 700). Има барем еден човек на светот што ја прочитал веста, целиот исход од неа и сето тоа го доживеал како одлична бизнис идеја. Тој човек направи паметен чајник.

Ако има нешто поглупо од тоа чајникот да ти чини 400 долари, тоа е чајникот да има ДРМ заштита. Што значи дека во него можеш да правиш само чај во пакување што ќе ти го продаде производителот на апаратот и во вкусови со кои тој располага.

Предностите на уредот Тифорија (Teforia) во однос на ѓезве се:
- Уредот има апликација.

- Преку блутут се врзува за твојот мобилен.

- Има програма сам да се исчисти.

Предноста на ѓезве во однос на чајникот од 400 долари:
- Можеш да направиш кој било вид чај на светот.

- Можеш да го миеш во машина за садови.

- Можеш да го искористиш за повеќе намени, од кафе и варење јајца, до полевање цвеќе.

- Не создава електронски отпад.

- Ако производителот пропадне, не си заглавен со бела техника од 400 долари што заради ДРМ-то можеш да ја користиш само како тег.

Тука имате цела рецензија на производот.

А фино го презентираат:


Дечково вика дека машинава е 1.500 долари, ама не е тоа поентата:

23 јуни 2017 - 15:47