Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Така зборуваше Хокинг

Сум забележал дека дури и луѓе кои сметаат дека сè е предодредено и дека не можат ништо да сторат за да го променат тоа, сепак гледаат лево-десно пред да преминат улица

Почетоците на балканскиот сајбер

Се враќаме децении назад, во "херојските" денови на тогашната југословенска музикa и естрада, која по својата ангажираност и релевантност, дури и во своите најсељачки верзии, во споредба со она што денес мораме да го слушаме е Rage Аgainst The Machine! "Песна над песните" од тоа време e нумерата "Аполо 9".

Што е тоа глобализација?

Која е најдобрата дефиниција за глобализација? Смртта на принцезата Дијана. Како тоа?

„Само малку претерано“

Ова е слоганот од новиот официјален спот за промоција на туризмот во Орегон. Според локалци целиот е базиран на вистинити предели од Орегон. Според локални закони марихуаната е легална во Орегон, па не можеме баш да спориме кој што точно гледа во сојузната држава.

До каде е паркот на Дизни од 2 милијарди долари

Компанијата во април 2016 почна со изградба на Ѕвездени војни паркот во Калифорнија со површина од 56 илјади метри квадратни. Буџетот му е 2 милијарди долари, и деновиве прв пат објавија како напредуваат по речиси 2 години работа. Треба да биде готов во 2019.

Гасете светло, ќе ја трга шминката!

Во „Сенки“ на Манчевски има една сцена во која жената од купатило му довикнува на сопругот во спална да изгаси светло, за да не ја види без шминка. Ние досега мислевме дека е тоа уметничко претерување.

Дур има мисири, ќе има и Перхани

За трагичната судбина на Давор Дујмовиќ пишувавме во приказната „Животот и смртта на Перхан“, ама малиов и неговите мисири нè потсетија и на двајцата.  Еве го малиот Перхан, на некој друг светски меридијан, роден како миротворец.

Никогаш не би ни текнало

Како едно големо тркалезно колаче да помине низ помал квадрат иселчен во хартијата.  Чичкото е фин па објаснува, во спротивно ќе зјаевме ко телиња па ќе заборавевме на тоа. 

Сè најлошо во животот

Може имаме струја, и интернет, и телевизија, и авионски превоз, и смартфони, и храна во изобилие, и (колку-толку) разбирање едни со други, и вакцини за болести, и топол дом, и редовен оброк, и бесплатно образование, ама тоа не го менува фактот дека животот знае да е ѓубре кога ќе реши, а обично решава кога си најмалку спремен.

Со Дејвид Брн никогаш не е досадно

Лидерот на Токинг Хедс реши кај Колбер да промовира песна од новиот албум "American Utopia". А тоа е студио, сцена, публика, досадно... Е па, не. Песната се вика "Everybody's Coming to My House" и бандата баш фино се одомаќини.

Парите станаа проблем на Епл

Секогаш парите се проблем кога ги немаш, Епл ова го преврте на глава и проблем им е што имаат премногу пари. Епл вади поголем профит отколку која било компанија на светот, или речиси колку Гугл, Микрософт и Фејсбук, заедно. Моментално, Епл на сметка има 285 милијарди долари.

Многу важниот долг текст за кој сите зборуваат

Еве една анегдота за еден мал и навидум неважен настан кој се случи пред повеќе години, 2009 или така нешто. Во него нема никого за кој некогаш сте чуле и искрено не е толку интересен. Ама верувајте ми, кога конечно ќе стигнете до крајот на ова, сè ќе ви има смисла, и ќе се чувствуваш како сè - буквално секое прашање што некогаш си го имал околу светот - одеднаш да си дошло на свое место. Ќе искусиш чувство на задоволство што ретко кој човек знае дека постои. Сериозно, верувај ми! Ќе биде одлично.

Мојата девојка и нејзините пријатели

Рики Џервејс на редовна база ја трола својата девојка, главно на тема какво ѝ е друштвото.

Со Гугл низ Дизниленд

Во својот „Street View“ Гугл документираше единаесет паркови на Дизниленд и секој може да си одбере своја виртуелна тура низ тематските паркови и атракциите. Земајте тоа децата и покажете им дека интернет не се само Јутјубери.

Странскиот Андруш

Нашиот се фати за Оди ѕвездо на Наум Петрески, овој за Енџелс на Роби Вилијамс. Само што нивниот си дозволи  прилично слободна реинтерпетација на текстот.  Којзнае како би звучела нашата со вакa порноизиран текст?

Три билборди ВО Приштина

Инспирирани од кандидатот за Оскар, косовскиот Хавеит колектив закупува 3 билборди пред седиштето на косовската полиција во Приштина.

Кога Јапонија ќе го повика Холивуд

Како што за добра свиња нема лоша помија, така и за добар хонорар нема лоша реклама, а Јапонците имаат хонорари, а и рекламите не им се нешто страшно лоши.

Хафтор Бјорнсон против 472 кила

Настан: Арнолд стронгмен класик 2018. Дисциплина: кревање тежина од место. Последна, решавачка рунда, и тежина што значи соборување на светскиот рекорд. Останати се шампионот Брајан Шо и Хафтор Бјорнсон.

Загатка на седумте планети

Ти си интерпланетарна полиција која брка интерпланетарни бунтовници. Дејствието се случува на седум планети. Ти можеш да одиш на која планета сакаш, бунтовниците само на планетите што се поврзани една со друга. Имаш десет потези (префрлање од планета на планета) за да ги фатиш. За почеток не знаеш на која планета се наоѓаат бунтовниците.

Треба екстра палец?

Чудесна направија која заслужува два лајка. Пошто се работи за протеза која ви дава дополнителен, комплетно функционален и автономен палец на раката (контра оној што го имате). Најштосно е што се командува со - нога.

Човештвото е полно со овци

Дечко решава да сними реакции на луѓе кога ќе лажира дека е позната фаца. Да изгубиш верба во човештвото.

Една недела меѓу италијанските фашисти

„Очекувавме милитантност, очекувавме шутки и се разбира, Мусолини. Не очекувавме народни кујни, бесплатни лекарски прегледи и фашисти хипстери“. Вака започнува една британска репортажа за Италија која открива дека во некои тамошни маала, фашизмот повторно станал нормална работа. 

13 од 13 Оскари, малку ли се?

Со сериозна доза нескромност и чаталење во саботата објавивме текст со наслов „Победниците на Оскарите 2018, еден ден пред Оскарите 2018“, во кој авансно ги објавивме добитниците на Оскар во 13 категории на ден пред наградите (иако списокот неколку дена седи во пораки), и тоа со очекување дека 2 ќе згреши па и со 11 дека ќе сме задоволни. Некои не сфатија сериозно, ама некои не го знаат човекот колку е напред со материјалот.