Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Како изгледа најефикасното аеродромско обезбедување на светот

Нормално од Израел е, од меѓународниот аеродром во Тел Авив, и функционира на повисоко ниво од сè останато во светот. Освен технологија стандардно присутна во сите аеродроми, системот доминантно се базира на вонредно добро обучен кадар.

Молба за работа: Живеам со свекрва...

Да, живеам со свекрва веќе 10 години и се согласуваме феноменално. Ако тоа не ви зборува дека сум тимски играч, не знам што ви зборува.

Што е следно за камерата во телефонот?

Длабочини, просторно мапирање, уфрлување виртуелни објекти во стварноста и интеракција со нив. Со други зборови, ќе одиш како будала и ќе ја шамараш рибата.

Oригиналната верзија на Nothing Compares 2U

Во соработка со Ворнер брос, оние кои располагаат со музичката оставштина на покојниот Принц решија да ја обелоденат досега неслушнатата оригинална верзија на оваа песна, напишана, аранжирана, отсвирена и продуцирана од самиот Принц. Преубава.

Кафе што дрма

12 тона заплениле ама три тона веќе отишле на пазарот. Субстандардно кафе, кое, за да изгледа попривлечно, го потемнувале со црн прашок добиен од - стари батерии. Размислувајте позитивно. Или негативно.

Што направија со зградава?

Најчесто се чекаат пари за да се продолжи со градењето, ама од време на време мајсторите просто имаат попаметна работа.

الميسترو نادر عباسي يجعل من الجمهور آلة موسيقية

Или што би се рекло на нашки: Маестро Надер Абаси ја прави публиката музички инструмент.

Оди фати му го крајот

Да се разбереме, во магија не веруваме, па ни во чуда, и тоа е многу проблем кога ќе ти се појави видео со ваква магија или чудо. Ама па барем цело жири им е извадено од памет, не сме само ние.

Кевин Харт удри на вежбање со другари

Видеата направени се исклучиво за Јутјуб каналот на Харт, и правени се со цела сила на серија со која би се гордеела која било водечка американска телевизија.

Бубамара за Милчо

Практично, ова е прв спот на двокомпонентниот, битолско-њујоршки лек за душа наречен Крсте Роџевски. Песната Ladybug ја има на неговиот албум "Bitter Almonds" но станува дел од саундтракот на последниот филм на Милчо Манчевски Bikini Moon (како што претходно беше направено со Shiny Things на Том Вејтс). Цут.

Смрт: реалност вс. Гугл вс. медиуми

Како луѓето умираат (бројки на американскиот Центар за контрола на болести), наспроти како ние мислиме дека умираат (што пребаруваме на Гугл), наспроти од што се умира според медиумите (што пишуваат Њујорк тајмс и Гардијан). Во основа, не така како што мислиме или како што пишуваат.

Дај да видиме што имаме да научиме од Амстердам за правење град за точаци

Амстердам имаше толку успех во префрлање на луѓето од четири на две тркала, што велосипедските патеки и премини речиси им се затнати, проблем што ги натера целото планирање околу патеките и проточноста да го кренат на сосема ново ниво.

ТЕД икс видео за сè што ве интересира за кафе

За добар дел од сè што е вон САД е крајно иритантно што Американците некако се наместија да бидат глобалниот авторитет за кафе, посебно што нивниот придонес кон светската кафе гастрономија е налик измиеното кафе од филтер. Без да исправаме историски неправди, дај да го чуеме Американецов што има да каже за кафе.

Забава за цело племе

Пар стари Абориџини ја откриваат бојата за коса и решаваат да се направат плавуши. Ништо нема да разберете, освен дека тоа се луѓе кои знаат да се зезаат и да се радуваат. Камо среќа ние да бевме такви.

Убавина во фавелата

„Кога ќе се спомне фавела, автоматски се помислува на опасност, насилство, хаос и бескорисност“, вели еден модел во краткиот филм за различните лица на модата во Рио. „Има и тоа, ама има и куп убави работи, ова е магичен свет“.

Од времето кога Британците отворено можеа да презираат други народи

Ако има нешто што авторов повеќе не го поднесува од Британија и нејзиното понашање низ свет, тогаш тоа е Белизе. Инаку, репортажата е британска, раситичка од запрепастувачки размери дури и за времето во кое е снимана (околу 1970-те), а тема е Белизе некаде во времето пред да се отараси од британска колонијална власт (што во реалност никогаш не се случува и Британија и ден денес има свои единици распоредени во земјата).

Зошто те боли глава?

Да не биде дека сме бесчувствителни на твоите лични проблеми, ама прашањето е општо. Одговорот исто така е општ - уште не сме скроз сигурни.

Фејсбук и Гугл стално слушаат

Дури и во Скопје има луѓе кои се колнат дека на големите интернет платформи (Фејсбук, Јутјуб, Гугл), одеднаш почнале да им се прикажуваат реклами баш за оние работи за кои претходно само муабетеле со свои пријатели. Видео тест на таа тема. 

Украинскиот братучед на Планината

Сродството им е по кревање тешко, само додека Исланѓанецот тргна по натпревари и медали, Украинецот, Димитри Калаџи, повеќе е по циркуизи и слични претстави на снага.

Човекот што заработува 2.000 долари дневно од туѓи кредитни картички


Не му е важно од каде се картичките, важно му е да ги најде бројките, а дарк-веб е преполн со сечии бројки што се продаваат за пари, и почнува да штанца кредитни картички по дома. Пред ова работи со дрога, ама тоа многу напорно му се гледа, „треба да се видиш со неколку луѓе, па имаш трансакции... а тука, правиш по неколку илјади долари на ден, од ништо“.

Мерак на прво слушање

Кубански гитарист, со посериозен стаж, прв пат во живот го слуша Стиви Реј Вон (веројатно од американски турист или слично нешто). Му треба време да се прибере од чудење што сè колегата успеа да извади од гитарата. „Овој бе ништо не повторува...“

Расизам? Lighten up

Нема шанси на маркетинг тим на компанија како Хајнекен да им се омакне контроверзниот момент во нивниот штотуку повлечен рекламен спот. Ама, битно да се врти муабет. Значи шанкер пушта пиво, пивото лизга и продолжува покрај неколкумина црнци за на крај да застане кај една бела жена. А слоганот на пивото е „Sometimes, Lighter is Better“. Кварно :) 

Веројатно најважниот коментар околу сослушувањето на Закерберг

Кристофер Вајли (дечкото од Кембриџ аналитика кој заедно со Гардијан ги воскресна сите проблеми за Закерберг и Фејсбук) на Си-ен-ен во врска со конгресните сослушувања:

- Да гледаш членови на Конгресот како го испрашуваат Марк Закерберг, е „нешто како да го гледаш дедо ти како се обидува да поправи видео-рекордер.

Колку луто ти е доста?

Еден од главните вградени човечки параметри е да се бега од секаков вид болка (што еволуциски се покажало како многу корисна работа). Исклучок од ова правило се луѓе што јадат луто и се упорни во тоа. Натпреваров се случува во Британија и почнува со лабаво лути пиперки па прогресира накај Каролина рипер.