Бубамара за Милчо

Практично, ова е прв спот на двокомпонентниот, битолско-њујоршки лек за душа наречен Крсте Роџевски. Песната Ladybug ја има на неговиот албум "Bitter Almonds" но станува дел од саундтракот на последниот филм на Милчо Манчевски Bikini Moon (како што претходно беше направено со Shiny Things на Том Вејтс). Цут.

Ако се наштимавте на Крсте, задолжително продолжете со Горно Дупени

 

18 април 2018 - 10:52