Песна на денот: Крсте Роџевски - Горно дупени

Горно Дупени

Каде си во летниве горештини?
Најди ме во вилаетот на татко ми
Под сенка од црници
Ќе јадиме ѓомлезе и петровки
Ќе слушаме бабини деветини и
Распеани Ресенчани
Ќе пиеме од водата за војници ослепени
Во Горно Дупени

Ако бардето не те освежи
Ќе отворам од коминските казани
Ќе т'однесам на гробот кај дедо ми
Да раскаже тажни приказни
Водејнцата брашно не мели
Логорец пресуши
Нема веќе со јаболка сандуци преполни
Во Горно Дупени

Не ме терај да фаќам кривини
Кон Царев Двор или Дрмени
Тука имам чувства најчудни
Потиснати, заборавени,
Некој далечни детски џагори
Сред преспански чемери
Стори ниет либе елај ми да умираме заљубени
Во Горно Дупени

31 мај 2017 - 15:17