Oригиналната верзија на Nothing Compares 2U

Во соработка со Ворнер брос, оние кои располагаат со музичката оставштина на покојниот Принц решија да ја обелоденат досега неслушнатата оригинална верзија на оваа песна, напишана, аранжирана, отсвирена и продуцирана од самиот Принц. Преубава.

Приказната оди вака:

Во 1984 година Принц снима песна со наслов "Nothing Compares 2 U," која, наместо да ја објави сам, им ја праќа на Пол „Свети Пол“ Петерсон и бендот Фемили составен од Принц. Тие снимаат своја верзија на песната и ја објавуваат на нивниот деби албум. Но, песната со години останува практично безначајна песна од Б страна сè додека Шинед О Конор во 1990 ne ja прави преработката која станува глобален мега хит.

Оригиналот е сниман во студио во Минесота и аудио инженереот Сузан Роџер се сеќава на тој ден.

Еден ден отиде во соба со нотес в рака. Излезе после неполн час со готови стихови за Nothing Compares 2U. Потоа песната му излета брзо, како кивање, фати да свири еден по друг инструмент и потоа ги миксаше“, вели Роџерс која била сведок на доста вакви креативни ерупции на Принц.

Според неа, нејќел да ја објави песната бидејќи опишува домашна ситуација која тој ја немал доживеано.

А сега таа, оригиналната:

 

 

20 април 2018 - 12:08