Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Телеграм со објаснување на ДДОС напад што секој може да го разбере

На Телеграм, апликацијата за пораки, неколку пати деновиве му се случи куршлус заради кој сервисот беше прекинат. Причина за ова беше ДДОС напад кој се верува дека доаѓа од Кинезите бидејќи апликацијата е користена за организирање на масовните протести во Хонгконг.

Како изгледаше кога Том Хенкс го присилија да држи говор

Во договорот за филмот „Ангели и демони“ Сони му вметнува на Хенкс дека ќе мора да се појави и да држи говор на ЦЕС конвенцијата. Том Хенкс најпрофесионално се појавува, и најпрофесионално го трола Сони веројатно како никогаш во историјата, имајќи спектакуларно добар настап на кој не штеди ни најмалку од својата маестралност.

Сите наши обиди да се протнеме во ЕУ

Во моментов, не се работи на подигнување на мостот туку на спуштање на нашата височина. Фала на прашање, одлично оди работата. 

Сообраќајна лекција на денот

Не можеш ти да бидеш толку лош шофер, колку што возач на трамвај може да биде искулиран и незаинтересиран за тебе.

Татковци, нема причина (освен пари) вашето дете да нема вакво по дома

Во прашање е напредна робот-кола со еден куп додатоци што се управува преку смартфон, а плус има и други фори. На прва ќе кажеш „ама малото има само 4 месеци и уште нема поим за ништо околу себе,“ и ќе згрешиш, затоа што токму ова е клучното нешто за неговиот психофизички развој (веројатно не е, ама ти го заслужуваш ова). Ви стоиме на располагање и за дополнителни аргументи за да ја оправдате набавката на најеопходниот уред што ви фали по дома.

Русите продолжуваат со шамарање, само ова е многу, многу подобро

Што да ви кажеме, уште едно првенство во Русија за билдери и слично, и уште еден натпревар во шамарање, чисто за на публиката да и биде поинтересно. Само овој пат го нема она забраденото брдо од човек Камотски, всушност нема ниту едно машко. Натпреварот во шамарање е меѓу жени, а неможеш да оставиш жени на бина да си лепат шамари по лице. Ама Русинот и за тоа има решение.

Патос, масовно, за цело село

Џабе да купиш добра и исправна кола, џабе да почитуваш знаци и сообраќајна сигнализација, џабе да не користиш мобилен телефон додека возиш. Сè е џабе ако имаш глупи патосници.

ЈП Улици, дупки и патишта

Следен пат кога ќе ја пцуете пластичната сигнализација на сред автопат нека ви текне на видеово од Русија.

Буквално значење на имиња на државите низ светот

Како бајковито би звучеле вести од светот кога државите би ги именувале по буквалното значење на нивното име: „Премиерот на Централното кралство во посета на Земјата на многу зајаци.“

Рецепт на денот: Пушено ребро од напушена свиња

На плантажа во Орегон одгледуваат органски канабис, само за да ги нахранат нивните, уште пооргански свињи. И како мислите да ја сопреме ние миграцијата кон Запад?

Прав бенд за права трагедија

Ако животот ти даде да си музичар стигнат до таму да свири во трговски центри што прокиснуваат, ти дочекај го со ведрина на човек што успеал, што во случајов е нумерата од Титаник. За жал, за човекот што на крај ќе се појави со кофа и џогер, немаме ваква утеха, освен дека сите така сме се чувствувале барем еднаш во живот.

Ова функционира и со држачот на Епл од 1.000 долари

Мал вовед за тие што пропуштија. Епл имаат нов ултра добар монитор по цена од 5.000 долари. Е, тој монитор од 5.000 долари не доаѓа со постоље / држач, тоа се купува дополнително, за дополнителни 1.000 долари. (Бонус на ова е што сите цени на Епл во Европа во најдобар случај се исти само наместо долар, завршуваат со евро.)

Како звучат канадски хулигани

Торонто Репторс се во финале на НБА па Џими Кимел пробува од Канаѓани (кои важат за исклучително културни и љубезни луѓе) да изнуди навивачки гнев. Им нуди отворен микрофон за да им се насерат на нивните ривали. „Зошто да им се насерам, па не ми направиле ништо лошо?“ гласи еден од типичните одговори. Значи, секакви луѓе има по светов.  

Со лав само на руски можеш да се разбереш

Се вика Олег Алексеевич и нема појак од него. Лавица има грабнато јакна од некој турист и си игра со неа. Пошто не му ја пушта јакната ( а ја бапна и со папуча по глава), Олег му вика на еден лав да биде другар и да помогне. Го разбра бе!.

Кога ќе ти се падне погрешна женска

Тројца идиоти се договараат да ги потегнат за коса трите женски кои се пред нив. Изгледаат како средношколци. Третиот инстантно бива вратен во детство.

Кој нема во главата, нема во главата

Понудата гласи вака: ок, ќе ти го купам она што го сакаш ако успееш со глава да ја фатиш картичката пуштена низ врата. Нормално, снимајте. 

Професионалец

Ништо од ова не е јасно (како му успева, како е толку лабав, зошто стои на отворена врата на воз во движење...) освен дека човеков е многу физички поспособен од нас, на раб од магионичар.

Наивна 1996

Годината е 1996, Тери Прачет во име на Џикју магазин го интервјуира тогаш најбогатиот човек на светот и олицетворение на компјутерската револуција, Бил Гејтс. Го прашува и за чудесијата по име интернет, и споделува една крајно опскурна идеја во тоа време - а што ако некој излаже на интернет? На Гејтс не му се верува дека такво нешто би можело да се случи.

Сакам да живеам, сакам сè повторно

По што цела Македонија ќе ја памети оваа година? Што ни останува од животот во колективното сеќавање? Ќе ни останат сликите кога сите заедно сме биле среќни, кога сите заедно пукавме од гордост, тоа исто искуство, и за оној што ќе летува на Бали и за оној што пред неколку дена со децата се вратил од Паралија, со торба испразнета од паштети и патлиџани.

Твојата чинија и гладните во Африка

Мајка ми ми викаше, „сè да си изел во чинијата, оние во Африка гладуваат!“ Тој ја слушал мајка му, пораснал и му текнало: Помогнав ли јас?

Целосната фотка од мажот пред тенковите на Тиенанмен

Годинава е точно три децении од студентските протести во Пекинг за кои скоро никој во Кина не знае ни дека се случиле. Во остатокот од светот, сликата од човекот со кесите пред тенковите е иконата на овие протести. Кадарот што го знае цел свет е само многу мало делче од една многу позастрашувачка слика.

Каква тетка е Тајсон

Спектакуларни примери за видео морфинг имавме пред неколку дена ама ова станува опасна конкуренција на секој оригинал. Тајсон и Снуп Дог, како Опра и Геил. Секоја технологија која од Тајсон ќе може да направи тетка е супериорна (и опасна) технологија.

Фетиш на денот

Мини Мокс е женска која сака две работи: во поглед на исхраната е хедонист а во поглед на сексуалноста е доминатрикс. И онда ги споила двете страсти во едно па еве ја сега - малтретира јадења. Овие ќутат, што да прават. Друго ни е криво. Толку долго чекаме да излезат праски и сега го видовме оној нејзин бат-плаг на праска и некако поинаку гледаме на тоа, до вчера невино овошје.