Во објаснувањето на Телеграм за тоа што им се случило, требаше да се претстави и технички комплицираниот проблем што ги спопадна. И тоа го направија махерски.
„Замисли армија хрчаци што за еден чекор те претркале и застанале пред тебе во ред во Мекдоналдс - и секој од нив нарачува парче пица.
Тој што ги услужува е зафатен на секој од нив поединечно да му објасни дека дошол на погрешно место - меѓутоа нив ги има толку многу што тој не може ни да те види тебе и да ти ја слушне нарачката...
... За да генерираат вакви бескорисни риквести, лошите момци користат мрежи ботови составени од компјутери на корисници кои немаат поим дека некогаш во минатото биле заразени со малвер. Ова прави ДДОС-от да биде сличен на зомби апокалипса: еден од пица хрчаците што прави гужва може да е дедо ти.“