Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Митот за чистото зло

Слушнете и запамтете го ова, ако сте од оние како нас кои никако да престанат да се чудат од каде толку отров во некои луѓе со кој обилно ги залеваат социјалните мрежи. Што ли мислат, како ли пред себе го правдаат тоа што се зли и пакосни. Правдаат? Никакво правдање нема кај нив, тие се херои кои биле принудени да реагираат, да го спасуваат светот. Се каат евентуално како што се каеше Ал Капоне.   

Каја Калас: Ви требаме за да гинеме

Иако жестока е конкуренцијата, Каја Калас особено се труди да ја запамтиме по глупоќа. Пазете што им вика на Американците: „Кога Русија оди во војна, оди сама бидејќи нема сојузници. Но, кога Америка оди во војна, многу од нас одат со вас и попат ние губиме луѓе. Затоа ви требаме ние за вие да бидете супер- сила...“   

Учиме англиски бонтон

Кратко наравоучение од видеото кое ќе го видите: Во Англија можете слободно со мачета да уништувате автомобили и шофершајбни, ама ако пипнете џам од паб во кој се гледа фудбал, сте го јаделе. 

Зеленски и стомакот на Орбан

Некои во Македонија будалесто се надеваат дека би можеле да влеземе во ЕУ благодарејќи на Украина и решеноста на Брисел да ја внесе по секоја цена (јака унија ќе биде тоа со осакатена, презадолжена и корупирана Украина во неа). Засега има сериозен отпор од неколку земји (Унгарија, Словачка, јавното мислење во Чешка, Австрија, Германија, Франција...) но главното камче во чевелот е Орбан. Фрустрираниот Зеленски не се воздржува да удри под појас. 

Вазалите се вазда исти

Марко Рубио на Европејците во Минхен им дојде како претставник на земја која без големи сомнежи го дигна Нордстрим во воздух, земја која не се откажува од идејата да земе европска територија (Гренланд) како своја, земја која на секаков начин ги притиска „сојузниците“ да купуваат од преценетиот американски течен гас. Европејците во Минхен го пречекаа Рубио со стоечки аплаузи.

Тупаницата на ВИ змејот

До лани роботите одеа ко посрани и мавтаа како дебили, денес веќе вртат нончаки подобро од Брус Ли. На скорешна презентација во Кина демонстрираа до каде се стигнати додека луѓе си постираат ВИ карикатури на Фејсбук. Добро, барем ќе изгубиме од некои подобри, попаметни и посилни од нас а не од некој педерски вирус што не можеме ни да го видиме.   

Американските „ќаци“ се прогресивни

Кога на протести држиш некој транспарент, како прво, би требало пораката да биде правилно напишана. Како второ, би требало да знаеш да ја објасниш таа порака. Девојка која држи транспарент против фашизмот (неправилно напишан) ја замолија да дефинира што подразбира под фашизам. Што направи прогресивната снегулка? Се расплака. Многу е тоа напнување за неа и веројатно е навредена.

Мараја Кери - Куршлусо

Убаво им кажа Рики Џервејс на познатите Холивудски и шоубизнис фаци на оние Голден Глоуб, да не паметуваат многу за светските проблеми и да кажуваат што треба да се прави, туку да земат награда и да фатат педала. Бидејќи присутните главно имаат помалку акал и школо од оние надвор. Пример: кога Мараја Кери пред камери првпат дозна дека струјата се плаќа и дека за неа доаѓаат сметки.  

Јас сум Куба

Мартин Скорсезе и Френсис Форд Копола имаат помогнато да се реставрира и реобјави филмот „Јас сум Куба“ (1964) на брилијантниот советски режисер, Грузиецот Михаил Калатозов. Како советници на филмот имаат учествувано и Фидел Кастро и Че Гевара. Скорсезе ова дело го смета за мастерпис на светската кинематографија. Пазете го овој кадар:

Ќе ја изгубиш толпата ама ќе се најдеш себе си

Фридрих Ниче, заедно со Никола Тесла, Иво Андриќ, Пауло Коељо, Марк Твен, Буковски... се омилени интернет ликови на кои им се припишуваат секакви „цитати“ иако тие немаат врска со тоа. Овој краток состав за свесноста и осаменоста кој би можел да има работен наслов „Така (некако) зборуваше Заратустра“ прилично добро го фаќа „вајбот“ на Ниче. 

Ендрју Тејт против Букбокс

Ендрју Тејт е еден од оние машки сировини кои знаат со пување некого да прашаат „Што бе, книги читаш, педерче си?“ Оние на кои им треба константна акција, возбуда и хаос за да се чувствуваат живи. За таквите, Рамбо Амадеус викаше дека се во постојана трка по каква било дразба за да не мораат да се соочат со огромната црна празнина која знаат дека ја имаат во себе. Арпаџик. 

Дебата е додека се согласуваме

Во австралиска „дебата“ за руско-украинската војна, дечко се јавува за да каже дека работите таму не се толку црно-бели како што ги перцепира Западот и потсетува на тоа што се случуваше во Донбас уште во 2014 година, украинскиот наци-батаљон Азов и други ситници. Што се случи? Шупакот од водител (Стен Грант) го исфрли од емисија.  

Пуздер во Европскиот парламент

Во Европскиот парламент неодамна го прашаа американскиот амбасадор во ЕУ дали сфаќа колку е привилегиран човек. Дека ја претставува единствената земја на светот која отворено може да му се заканува на суверенитетот на некоја европска земја и да прети со казнени царини а сепак во Брисел да добие третман со црвен тепих. Ок, не е лошо европарламентаците да поднаучат турски. Човекот (амбасадорот) можеби не џабе се презива Пуздер.

Шофер на автобус избркан од работа бидејќи бркал крадец

Некоја апаш дрпнал ланче од девојка во англиски автобус и фатил штрафта. Возачот запрел, фатил да го брка и за 200 метри го фатил. Му го одземал ланчето на сила и ѝ го вратил на девојката. Ама оној се вратил па овој му ја учукал една. Епилог? За јавноста шоферот е херој ама не и за компанијата која работи: му дале отказ. Затоа што оној апашот сепак бил муштерија во јавниот превоз. А не можеш така со муштерии.

Го знаете Тони?

Tony the LED Guy. Треба да го знаете. Ги има најјаките клизачи упади во своите креативни и забавни видеа во кои рекламира неон и ЛЕД персонализирани натписи на фирми и слично. Веќе има близу 900.000 следбеници на Инстаграм и милионски преглед. За кинеската форма LC Sign, Тони злато вреди.  

Ќе ја врати ли Били Ајлиш украдената земја?

„Не можеш да си илегалец на украдена земја,“ кажа Били Ајлиш и собра овации на Греми 2026 на кое овогодинешно „вјерују“ беа агентите за депортирањето на ICE против кои, со збор или значки се произнесоа еден куп артисти. А потоа Ајлиш беше потсетена дека нејзиниот милионски имот во Л.А. е распослан на територија на племето Тонгва. Ени Ленокс, пак, забележа едно друго лицемерие.

Една песна и накриви капа

Дон МекЛин денес има 80 години. Пред 55 години, во 1971-ва, напиша една песна која стана голем хит а во меѓувреме влезе и во националениот регистер на американската Конгресна библиотека како дело со „особено историско, културно или естетско значење.“ И пазете сега ова, оваа песна ден-денес му носи пари од тантиеми меѓу 300.000 и 500.000 долари годишно!

Во бокс можеш и коса да изгубиш

Досега сме виделе како во бокс се губат заби, свест или машко достоиинство, ама ова што му се случи на кутриот Џарел „Биг Бејби“ Милер го гледаме првпат. Противникот  Кингсли Ибех така силно го ѕвекна по главурда што на овој му се одлепи - тупето. Ако е за утеха, Биг Бејби сепак го доби мечот а за следниот ќе знае дека треба да стави повеќе лепак или да се захефта поинаку. 

Трамп ќе го тужи Тревор Ноа за воа

За наградата „Песна на годината“ на Греми која годинава ја собра Били Ајлиш за песната ‘Wildflower’, Тревор Ноа кажа дека тоа е награда што секој артист ја посакува скоро толку многу колку што Трамп го посакува Гренланд бидејќи по смртта на Епстин, што е логично бидејќи му треба нов остров каде што ќе се забавува со Бил Клинтон. И Трамп се узјогуни.

Ocean's 0,11

Ричмонд е еден од најзелените, најбогатите и најпожелните делови за живеење во Лондон. Се наоѓа на Темза, со многу паркови и отворен простор, старински улички, пабови, театар... Деновиве таму сред бел ден беше изведена спектакуларна пљачка на златарница. Како? Со препреден и до детал разработен план како во филмот „Единасеттемина на Оушн?“ Не. Со токмак.

Сипај од тоа отровот да ги прославиме поразите

Откако цела деценија прописно го исчашуваше вкусот на цела една генерација со симулирање егзотика, пари, коли и брендови, раперот и продуцент Слободан Вељковиќ Цоби („Тешко сељачиште и исто толку непретенциозен и врхунски талент“ - Адо) јако врти („Кажи кад окреќеш да се држимо, испопадасмо!“ - Ѕинго) накај реализмот на јужњачкото секојдневие. Наместо лажен гламур, реален живот. Во таквиот живот поразите не се бројат туку се подразбираат. 

Сме го јаделе

Moltbook е социјална мрежа создадена исклучиво за агенти на вештачка интелигенција. Таа за ВИ агентите е нешто како Редит и слични платформи за луѓето, место каде автономните софтверски агенти, без човечко учество, разменуваат пораки, коментираат, гласаат и формираат заедници. Има пар загрижувачки информации од тој свет. Накратко, од автономни, вештачките агенти веќе одат накај тоа да станат автокефални.  

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс станува појасен

„Само имам вечерано со него и тоа е сè“, викаше Бил Гејтс кога го прашуваа за неговиот однос со озлогласениот Џефри Епстин. Во најновата транша фајлови се спомнува епизода кога Бил Гејтс закачил трипер или слична сексуално пренослива болест од „руските девојки“ на Епстин. И барал совет каков антибиотик може да ѝ подметне на својата сопруга без таа да забележи. 

Вонредна песна на Брус Спрингстин

„Песната ја напишав во саботата, ја снимив вчера и ви ја давам денес,“ напиша деновиве Брус Спрингстин за протестната песна која ја посвети на „нашите невини мигрантски комшии“ и на семејствата на двајцата луѓе кои настрадаа од агентите на Бирото за имиграција. Налик на насловот на неговиот можеби најголем хит за Филаделфија, оваа песна се вика „Streets of Minneapolis“