Ричмонд е еден од најзелените, најбогатите и најпожелните делови за живеење во Лондон. Се наоѓа на Темза, со многу паркови и отворен простор, старински улички, пабови, театар... Деновиве таму сред бел ден беше изведена спектакуларна пљачка на златарница. Како? Со препреден и до детал разработен план како во филмот „Единасеттемина на Оушн?“ Не. Со токмак.