Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕСМ: Милионски договори за осигурување, милионски провизии за посредници

18 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Се работи за серија договори за осигурување меѓу ЕСМ и Македонија осигурување, кои чинат 5 милиони евра за две години. Откако ќе се потпишел тој генерален договор, потоа следувало потпишувањето на повеќе полиси за осигурување на имотот на ЕСМ. Носители на тие полиси секогаш биле агенти-брокери и друштва за застапување во осигурувањето.
  • „Наведувањето на агент-брокер и друштво за застапување во осигурување во полисите предизвикува дилема во однос на нивното вклучување во вкупниот износ на премијата, што укажува на сомневања за неосновано користење на јавните средства и намалена транспарентност во постапките за осигурување“, пишува во последниот извештај на ревизорите.
  • Во јануари годинава, актуелниот генерален директор на ЕСМ Лазар Узунчев поднесе кривична пријава за овие случаи, а на 30 март е поднесено и дополнување на кривичната пријава. МКД.мк добиле информација дека случајот е во предистрага, кај обвинителката Марија Секуловска Велковска.
  • Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) може да се заклучи дека во периодот од 2022 година до септември 2024 година се работело главно на уништување на компанијата. Овој извештај претставува само површна слика на криминалното и систематско, свесно уништување на енергетскиот гигант под претходното раководство, велат изворите на порталот.

  • И претходниот ревизорски наод, од 2017 до 2022 година, е обвиен во институционален молк и отсуство на одговорност. Основното јавно обвинителство (ОЈО) и за тој извештај до ден-денес нема иницирано ниту една кривична пријава.

извор

Трамп им забрани пристап на CNN, MSNBC и Politico во Белата куќа

19 September 2026
  • Share
  • Post
  • Претседателот Доналд Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MSNBC и Politico поради „објавување лажни вести“. Се закани дека ќе блокира и други медиуми за кои ќе оцени дека известуваат „неповолно“.
  • „Нешто не е во ред со земја што дозволува луѓе намерно да пишуваат негативни извештаи. Ако сакаат да ги пишуваат, во ред. Не морам да ги пуштам во домот на народот... Тоа е многу едноставна забрана. Не ги сакам во мојата канцеларија“, изјави Трамп.
  • Тој додаде дека забраната важи веднаш, но би можела да се укине ако трите медиуми „се поправат и објавуваат поповолни извештаи“.
  • Новинари од CNN, MS NOW и Politico сè уште беа во кругот на Белата куќа кога Трамп ја објави забраната, без никакви знаци дека ќе бидат отстранети.
  • „Според Уставот на САД, имаме право да известуваме без попречување или мешање од владата. Ако се спроведе забраната со која се закани претседателот, тоа би претставувало незаконски напад врз фундаментално и уставно загарантирано право“, објави CNN.
извор

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

19 September 2026
  • Share
  • Post
  • САД, Данска и Гренланд постигнаа договор за трајно и ексклузивно американско воено присуство на огромниот дански остров богат со руди.
  • Детали од договорот не се познати, но во основа САД ќе имаат еднострано право да градат воени објекти без да бараат одобрение од Гренланд или Данска. Договорот нема временско ограничување и ќе важи дури и ако автономниот регион во иднина стекне независност.
  • Вашингтон ќе има право да блокира проекти и инвестиции на островот за кои ќе оцени дека ги загрозуваат интересите на САД“.
  • САД веќе имаат речиси целосни права за прелет и за користење бази на Гренланд, врз основа на договор од 1951 година. Сепак, Трамп во својот втор мандат упорно се закануваше дека ќе го анектира островот или бараше да го купи од Данска заради зајакнување на стратешката безбедност на САД.

  • Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека договорот „ја зајакнува заедничката безбедност на Арктикот“ и дека ќе биде потпишан на Генералното собрание на ОН идната недела.
  • Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека договорот ги уважува интересите на автономната територија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
4

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина
5

Да си знаат

Македонштина
6

„Маж ми нема другари“

7

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина
8

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
4

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
5

ЕСМ: Милионски договори за осигурување, милионски провизии за посредници

6

Рамбл на Крис Павловски склучи договор со Антропик од речиси 14 милијарди долари

7

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Свет
8

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Балканштина

Чуда на диетата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Писмо до ЕУ од Западен Балкан

Јак е текстов за екстерно (треба да се заокружи)

„Трамвајскиот проблем“ или за моралноста на моралните коментари

Портпарол, мејкинг оф

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy