Седлоски за одличниот стрелец Илоски од САД: „Никого нема да молиме“
16 September 2026
- Дваесет и седум годишниот Милан Илоски, роден во Калифорнија (САД) кој има македонско потекло, веќе подолго време важи за еден од подобрите стрелци во американската МЛС лига заедно со Лионел Меси, Луис Суарез, Томас Милер и Роберт Левандовски. Илоски сезонава на 25 натпревари има 12 гола и 2 асистенции со што е во горниот дел од листата на најдобри стрелци.
- Илоски игра за Филаделфија Јунион. Тој веќе неколку месеци е предмет на дискусии за македонската репрезентација.
- На денешниот прес во пресрет на дуелите од Лига на Нации, селекторот Гоце Седлоски на новинарско прашање за Илоски рече:
- „Јас сакав да го повикам Илоски уште за натпреварот во Данска, но преку Николче Новески, ни кажа дека приоритет му е клубот и борбата за клупските цели. Се обидовме да ја преиспита одлуката, но во овој момент неговата одлука е таа што е. Го следам, но никого нема да молиме да игра за Македонија“.
Седлоски повика 28 играчи за Лига на нации меѓу кои четворица дебитанти