Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Тренер со богато меѓународно искуство го засилува стручниот штаб на Лазаров

27 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонската ракометна репрезентација ова попладне се пофали со нов член на стручниот штаб со кој раководи селекторот Кирил Лазаров, а новото засилување доаѓа со цел дополнително да се напредува на голманската позиција.
  • Ракометната федерација на Македонија со задоволство објави дека хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ во иднина ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, а бидејќи станува збор за човек со богато интернационално искуство, се очекува брзо да видиме резултати и на теренот.
  • Јерковиќ изминативе две сезони работеше во Рајн Некар Левен, новата сезона ќе ја почне како голман-тренер на Ерланген, но истовремено ќе биде дел и од стручниот штаб на Лазаров.
  • – Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет.
извор

После 35 години може да се сретнат Динамо Загреб и Црвена звезда

27 August 2026
  • Share
  • Post
  • И едните и другите потајно посакуваат да се пробаат фудбалски на терен, иако голем дел од тамошната јавност пред секоја ждрепка сака Динамо Загреб и Црвена звезда да се избегнат поради голем безбедносен ризик.
  • Сега откако и двата најголеми клуба од регионов испаднаа од трката за Лига на шампиони, ќе играат во Лига Европа, односно на Црвена звезда ѝ останува вечерва рутински да го одработи реваншот со Викторија Плзењ во Чешка откако дома победија 3-0.
  • Динамо Загреб во квалификации за Лига на шампиони изгуби 3-1 на реваншот со норвешки Викинг и ќе игра во Лига Европа. Ако и српскиот шампион обезбеди место во Лига на Европа, нема да има пречки двата клуба да се сретнат во ждрепката. Црвена звезда и Динамо Загреб би биле во вториот барабан, а интересно е што двата тима имаат идентичен коефициент на УЕФА – 46.500. Тоа значи дека потенцијалниот дуел меѓу двата некогаш големи југословенски ривали е сосема реална опција.
  • Уште се памети неодиграниот натпревар кога Црвена звезда и Динамо се сретнаа во мај 1991 година кога избија фамозните нереди на „Максимир“. Тогаш се случи и култното маја-гери на Звонимир Бобан против еден полицаец. Бобан тогаш беше играч а сега е претседател на Динамо Загреб.
  • После фамозниот прекин, Динамо и Звезда се сретнаа уште три пати: прво во 14. коло од сезоната 1990/1991 (Звезда славеше 1-3), после на турнир во Мостар во февруари 1991 (Звезда победи 1-0) и накрај во 33. коло од првенството, на 18-ти мај 1991 кога Динамо победи 3-2.
извор

Навивачите во еуфорија, Ливерпул го купи Баркола за 140 милиони евра!

27 August 2026
  • Share
  • Post
  • Готово е. Конечно заврши трансфер сагата за врвниот француски фудбалер Бредли Баркола кој од ПСЖ оди во Ливерпул. Трансферот според пишувањата на Атлетик, ќе изнесува 120 милиони фунти односно 140 милиони евра со тоа што фиксниот дел е нешто над 116.500.000 евра.
  • Ова е четврти летен преоден рок по ред Ливерпул да носи астрономски скапи засилувања.
  • Швеѓанецот Александар Исак со платена цена од 145.000.000 евра и натаму останува најскапо платено засилување во историјата на Ливерпул а Флоријан Вирц беше платен 125 милиони евра!
  • Баркола имаше уште две години од договорот со ПСЖ, а веќе ги прецизирал и личните услови со Ливерпул. Во Париз тој сезонава ќе имаше страшна конкуренција во Дезире Дуе, Хвича Кварацхелија, Феран Торес, Мика Годст и Магнес Аклијуш.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Разно
2

Од учесник во квизот „Кој сака да биде милионер“, до пласман во Лига на шампиони

Фудбал
3

Нестварни се Србиве

Балканштина
4

Алиби до алиби

Балканштина
5

На Трамп со трамповска цевка

Разно
6

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Свет
7

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Разно
8

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
1

Од учесник во квизот „Кој сака да биде милионер“, до пласман во Лига на шампиони

Фудбал
2

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
3

Факти си се факти

Ракомет
4

Чави како чоколадо

Фудбал
5

Што открива Новак Ѓоковиќ во новиот документарец?

Разно
6

Холивудски пресврт во ЛШ, Селтик е исфрлен после 4 гола предност

Фудбал
7

Енфилд помести се

Навивачи
8

Летаа боксови во Лион, Гендузи провоцираше па се степа со навивач

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Вие се радувате што телефонот ви е мобилен?

Балканштина

Обид за атентат

Балканштина

Алиби до алиби

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Учете, големи, учете!

Боуви, биди така

Екстремно тестирање: Џесика

100 дена Влада + проблемот со мнозинството

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy