- И едните и другите потајно посакуваат да се пробаат фудбалски на терен, иако голем дел од јавноста пред секоја ждрепка сака Динамо Загреб и Црвена звезда се избегнат поради голем безбедносен ризик.
- Сега откако и двата најголеми клуба од регионов испаднаа од трката за Лига на шампиони, ќе играат во Лига Европа, односно на Црвена звезда ѝ останува рутински да го одработи реваншот со Викторија Плзењ во Чешка откако дома победија 3-0.
- Динамо Загреб изгуби 3-1 на реваншот со норвешки Викинг и ќе игра сигурно во Лига Европа. Ако и српскиот шампион обезбеди место во Лигата на Европа, нема да има пречки двата клуба да се сретнат во ждрепката. Црвена звезда и Динамо Загреб би биле во вториот барабан, а интересно е што двата тима имаат идентичен коефициент на УЕФА – 46.500.Тоа значи дека потенцијалниот дуел меѓу двата некогаш големи југословенски ривали е сосема реална опција.
- Уште се памети неодиграниот натпревар кога Црвена звезда и Динамо се сретнаа во мај 1991 година кога избија фамозните нереди на „Максимир“. Тогаш се случи и култното маја-гери на Звонимир Бобан против еден полицаец. Бобан тогаш беше играч а сега е претседател на Динамо Загреб.
- После фамозниот прекин, Динамо и Звезда се сретнаа уште три пати: прво во 14. коло од сезоната 1990/1991 (Звезда славеше 1-3), после на турнир во Мостар во февруари 1991 (Звезда победи 1-0) и накрај во 33. коло од првенството, на 18-ти мај 1991 кога Динамо победи 3-2.
- Готово е. Конечно заврши трансфер сагата за врвниот француски фудбалер Бредли Баркола кој од ПСЖ оди во Ливерпул. Трансферот според пишувањата на Атлетик, ќе изнесува 120 милиони фунти односно 140 милиони евра со тоа што фиксниот дел е нешто над 116.500.000 евра.
- Ова е четврти летен преоден рок по ред Ливерпул да носи астрономски скапи засилувања.
- Швеѓанецот Александар Исак со платена цена од 145.000.000 евра и натаму останува најскапо платено засилување во историјата на Ливерпул а Флоријан Вирц беше платен 125 милиони евра!
- Баркола имаше уште две години од договорот со ПСЖ, а веќе ги прецизирал и личните услови со Ливерпул. Во Париз тој сезонава ќе имаше страшна конкуренција во Дезире Дуе, Хвича Кварацхелија, Феран Торес, Мика Годст и Магнес Аклијуш.
- Селекциите на Русија и Белорусија добија специјални покани за Светско првенство (СП) за ракометарки до 16 години, што ќе биде нивни прв настап по пауза од четири години.
- Двете селекции ќе настапат на шампионатот, кој од 15 до 24 октомври ќе се одржи во Мароко, откако ИХФ ги укина санкциите кон нив и им овозможи на младите репрезентации повторно да се појават на меѓународната сцена. Русија и Белорусија последен пат настапија на големо европско натпреварување во 2022 година, по што следуваше повеќегодишна пауза поради војната со Украина.
- Пред доделувањето на специјалните покани, беа познати 11 учесници на премиерното издание на овој шампионат. Место обезбедија домаќинот Мароко, Гвинеја, Египет, Германија, Унгарија, Кина, Узбекистан, Мексико, САД, Парагвај и Аргентина. Со вклучувањето на Русија и Белорусија, бројот на учесници дополнително се зголеми, а турнирот добива и своја политичко-спортска димензија по враќањето на двете земји на меѓународната сцена.