Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Јокиќ би можел да се пресели кај Дончиќ во ЛА Лејкерс

21 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Познатиот НБА зналец Ентони Ирвин смислил теорија според која не би било невозможно Никола Јокиќ да му се приклучи на неговиот добар пријател Лука Дончиќ.
  • Со оглед на тоа што Денвер Нагетс не покажува ни малку амбиции во последниве години, се откажува од носителите на играта а не носи сериозни засилувања, идејата на Јокиќ до крајот на кариерата да остане во Колорадо би можела да се смени.
  • „Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ кој е голем другар со Никола. Исто така можноста на нивен заеднички пик-ен-рол би била навистина уникатна. Двајцата можеби гледаат кон 2028-ма кога би можеле да донесат серија одлуки која би довела до тоа да заиграат заедно“, вели Ирвин.
  • Србинот има договор со Денвер Нагетс вреден 276.000.000 долари потпишан во 2022 што значи дека ќе има играчка опција пред сезоната 2027/2028 односно да бира дали ќе остане, ќе потпише побогат договор или ќе замине како слободен агент.
  • „Ако Лејкерс ослободат простор во селари-капот и сфатат дека можат да тргнат по Јокиќ, може да им речат на Нагетс, еј слушајте или заедно ќе работиме на трејд кој ќе биде добар и за вас или ќе почекате да стане слоободен играч и да ризикувате да замине без надомест. Слабеење на играчкиот кадар на Денвер Нагетс е добра вест за ЛА Лејкерс“, вели Ирвин.
извор

Само во мак фудбалот може да се случи вакво нешто

21 August 2026
  • Share
  • Post
  • Дисциплинската комисија на ФФМ ги објави одлуките по натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
  • Пазете го ова: Струга заврши на дисциплинска постапка зашто не обезбедила паркинг простор за гостинскиот автобус пред мечот со Вардар, а исто така имала и несоодветно обележување на теренот.
  • Дисциплинска постапка ќе се води и против Тиквеш затоа што имале слаба организација, било фрлено шише со вода на терен и се скандирало на национална основа.
извор

Македонија од Сплит се враќа со седум медали: Супер премиера на Плазма спортските игри за млади

21 August 2026
  • Share
  • Post
  • На популарната сплитска Рива свечено беше затворена меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите, со што заврши и историското прво учество на Македонија во големото семејство на Игрите.
  • Неколку дена Сплит беше домаќин на младите спортисти од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија, кои преку спортот се натпреваруваа, дружеа и создаваа нови пријателства.
  • СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА
  • Македонските млади спортисти меѓународната завршница ја завршија со седум медали – три сребрени и четири бронзени. Првиот медал за Македонија го освои Наум Насковски, кој стигна до бронзата во трката на 60 метри.
  • Бронзен медал освои и Ролинг од Струмица во баскет 3×3. На шаховскиот турнир, Македонија имаше двоен успех. Илијана Велева од Свети Николе освои сребро во женска, а Давид Атанасовски од Гази Баба во машка конкуренција.
  • Уште три медали пристигнаа од пинг-понгот. Јован Пармачки од Берово го освои сребрениот медал, додека Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево стигнаа до бронзата.
  • Медалите ги доделуваа светски познатата тенисерка од Белград Ана Ивановиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Славен Билиќ а меѓу присутните беше и Жељко Обрадовиќ.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Хрватскa направи подвиг во ватерполо, невиден во ниту еден друг спорт

Разно
2

Не само во цената да гледате

Балканштина
3

Украинскиот Владо Таневски

4

Ни отидоа најупатените

Македонштина
5

Свадба, основен пакет

Балканштина
6

Новак Ѓоковиќ донирал 300.000 евра за помош на хрватски Омиш

Разно
7

Братислав Димитров: Најпоследна одбрана на ајварот

Разно
8

Јутјуб го скина Кустурица

Разно
1

Хрватскa направи подвиг во ватерполо, невиден во ниту еден друг спорт

Разно
2

Новак Ѓоковиќ донирал 300.000 евра за помош на хрватски Омиш

Разно
3

Што се случува со Сабаленка?

4

Првокласно наседнување за автограм

Фудбал
5

Поранешен српски фудбалер фатен со дрога вредна 70 милиони евра

6

Роналдињо пак ќе игра фудбал, во италијански третолигаш

Фудбал
7

Спектаклот Јокиќ - Вембанјама во белградска „Арена“

Кошарка
8

Како новото засилување на Ковентри ја опиша својата игра?

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Македонскиот Џонтра

Балканштина

Го исекоа докторот

Балканштина

Не само во цената да гледате

Македонштина

Ни отидоа најупатените

Балканштина

Свадба, основен пакет

Македонштина

На аеродромот во европската престолнина на културата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Deus ex motika

Коста Бургов има нова музичка бомба

Со ваква младина...

Извршна команда: Бидете среќни!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy