Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Македонија од Сплит се враќа со седум медали: Супер премиера на Плазма спортските игри за млади

21 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На популарната сплитска Рива свечено беше затворена меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите, со што заврши и историското прво учество на Македонија во големото семејство на Игрите.
  • Неколку дена Сплит беше домаќин на младите спортисти од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија, кои преку спортот се натпреваруваа, дружеа и создаваа нови пријателства.
  • СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА
  • Македонските млади спортисти меѓународната завршница ја завршија со седум медали – три сребрени и четири бронзени. Првиот медал за Македонија го освои Наум Насковски, кој стигна до бронзата во трката на 60 метри.
  • Бронзен медал освои и Ролинг од Струмица во баскет 3×3. На шаховскиот турнир, Македонија имаше двоен успех. Илијана Велева од Свети Николе освои сребро во женска, а Давид Атанасовски од Гази Баба во машка конкуренција.
  • Уште три медали пристигнаа од пинг-понгот. Јован Пармачки од Берово го освои сребрениот медал, додека Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево стигнаа до бронзата.
  • Медалите ги доделуваа светски познатата тенисерка од Белград Ана Ивановиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Славен Билиќ а меѓу присутните беше и Жељко Обрадовиќ.
извор

Поранешен српски фудбалер фатен со дрога вредна 70 милиони евра

21 August 2026
  • Share
  • Post
  • Урош Милошевиќ (31) е уапсен во Португалија откако се обидел да пренесе повеќе од 1,5 тони кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, како и две наполнети воени оружја подготвени за употреба.
  • Според португалскиот „Жорнал де Нотисијас“, запленетиот кокаин припаѓа на таканаречениот „Балкански картел“, криминална организација која е предмет на поширока истрага од страна на португалските и шпанските истражни органи.
  • Апсењето на Милошевиќ е дел од операција против истата организација. Само една недела претходно, биле уапсени уште две лица во Шпанија и им биле запленети 3,7 тони дрога.
  • Милошевиќ играл за неколку српски клубови, меѓу кои Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград.
извор

Што се случува со Сабаленка?

20 August 2026
  • Share
  • Post
  • Најдобрата тенисерка на свет во последните неколку недели не личи на себе на тениските терени. Белорусинката која сееше страв на Гренд слем турнирите и освои еден куп ВТА титули, сега е во страшен пад на формата.
  • Арина Сабаленка оди од пораз во пораз и западна во тешка резултатска криза. 
  • Откако ги освои Индијан Велс и Мајами во март, изгуби во четвртфинале на Ролан Гарос, изгуби во 4. коло на Вимблдон, беше елиминирана од Мастерсот во Торонто каде изгуби од Екатерина Александрова.
  • Сега шокантен пораз Сабаленка претрпе и од 20-годишната тенисерка од Чешка Сара Бејлек која е на 35. место на женската светска ранг листа. Белорусинката изгуби откако во вториот сет имаше водство 4-1 а во првиот сет изгуби во тај-брејк 9:7.
  • По освоениот таканаречен „Саншајн Дабл“ во Индијан Велс и Мајами, Арина Сабаленка загуби на 7 турнири: Мадрид (четврфинале), Рим (16/финале), Ролан Гарос (четвртфинале), Берлин (полуфинале), Вимблдон (осминафинале), Канада/Торонто (осминафинале) и Синсинати (осминафинале).
  • Сега ја чека УС Опен но со ваква форма многу лесно би можела да ја изгуби првата позиција на ВТА листата која сериозно ја мерка Елена Рибакина.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Хрватскa направи подвиг во ватерполо, невиден во ниту еден друг спорт

Разно
2

Не само во цената да гледате

Балканштина
3

Свадба, основен пакет

Балканштина
4

Ни отидоа најупатените

Македонштина
5

Новак Ѓоковиќ донирал 300.000 евра за помош на хрватски Омиш

Разно
6

На аеродромот во европската престолнина на културата

Македонштина
7

Украинскиот Владо Таневски

8

Братислав Димитров: Најпоследна одбрана на ајварот

Разно
1

Хрватскa направи подвиг во ватерполо, невиден во ниту еден друг спорт

Разно
2

Новак Ѓоковиќ донирал 300.000 евра за помош на хрватски Омиш

Разно
3

Што се случува со Сабаленка?

4

Првокласно наседнување за автограм

Фудбал
5

Барселона лефтерно

Фудбал
6

Стајте го во топ 5 поени во кариерата на Алкараз

Разно
7

Ти можеш вака?

Фудбал
8

Азар маскиран во фан шопот на Челси

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Го исекоа докторот

Балканштина

Не само во цената да гледате

Македонштина

Ни отидоа најупатените

Балканштина

Свадба, основен пакет

Македонштина

На аеродромот во европската престолнина на културата

Македонштина

На крајот си ја расипа петката

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Човек на човека му е еден волк вишок

Македонската полиција се автоматизира

10 човечки заповеди за вештачката интелигенција

Готови сме, руската пропаганда нè потопи!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy