Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Што се случува со Сабаленка?

20 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Најдобрата тенисерка на свет во последните неколку недели не личи на себе на тениските терени. Белорусинката која сееше страв на Гренд слем турнирите и освои еден куп ВТА титули, сега е во страшен пад на формата.
  • Арина Сабаленка оди од пораз во пораз и западна во тешка резултатска криза. 
  • Откако ги освои Индијан Велс и Мајами во март, изгуби во четвртфинале на Ролан Гарос, изгуби во 4. коло на Вимблдон, беше елиминирана од Мастерсот во Торонто каде изгуби од Екатерина Александрова.
  • Сега шокантен пораз Сабаленка претрпе и од 20-годишната тенисерка од Чешка Сара Бејлек која е на 35. место на женската светска ранг листа. Белорусинката изгуби откако во вториот сет имаше водство 4-1 а во првиот сет изгуби во тај-брејк 9:7.
  • По освоениот таканаречен „Саншајн Дабл“ во Индијан Велс и Мајами, Арина Сабаленка загуби на 7 турнири: Мадрид (четврфинале), Рим (16/финале), Ролан Гарос (четвртфинале), Берлин (полуфинале), Вимблдон (осминафинале), Канада/Торонто (осминафинале) и Синсинати (осминафинале).
  • Сега ја чека УС Опен но со ваква форма многу лесно би можела да ја изгуби првата позиција на ВТА листата која сериозно ја мерка Елена Рибакина.
извор

Почнува Европско првенство за одбојкарки

20 August 2026
  • Share
  • Post
  • Во петок во Турција, Чешка, Шведска и Азербејџан ќе започне 34. Европско првенство за одбојкарки. Ќе се игра до 6-ти септември за кога е закажано големото финале во Истанбул.
  • Ќе играат 24 репрезентации кои ќе се борат за европската титула но и за пласман на Светското првенство (освојувачи на медали на ова Еуро). Европскиот шампион ќе обезбеди и учество на Летните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.
  • Титулата ја брани Турција која на минатото Европско првенство во Брисел во Белгија после голем пресврт во финалето ја совлада Србија со 3:2 во сетови. Предводени од Кубанката која игра за Турција Мелиса Варгас, со врвниот селектор Даниеле Сантарели од Италија, Турчинките и сега се голем фаворит а тоа го потврдија и со пехарот освоен во Лига на нации пред помалку од два месеци.
  • Покрај Турција, најсериозен кандидат за титулата е и Италија која ќе се бори за трето европско злато во женска одбојка.
  • Меѓу фаворитите е и репрезентацијата на Србија која освои шест медали на последните седум Европски првенства од кои дури три беа златни медали.
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CEV - European Volleyball (@cevolleyball)

извор

ФФМ контра Инфантино

19 August 2026
  • Share
  • Post
  • „По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година.
  • Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со националните федерации.
  • ФФМ смета дека довербата, отчетноста и отворениот дијалог мора да бидат темел на управувањето со светскиот фудбал. Најдобрите интереси на фудбалот и неговиот развој, секогаш мора да бидат на прво место“, стои во дел од соопштението на ФФМ.

Во ФИФА уште траат потресите, си замина оперативниот директор 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

На аеродромот во европската престолнина на културата

Македонштина
2

Новак Ѓоковиќ донирал 300.000 евра за помош на хрватски Омиш

Разно
3

Бугарија, една од двете можни европски мети на ирански ракетен напад

4

На крајот си ја расипа петката

Македонштина
5

Бог да го прости Даниел, ама, многу глуп испадна

Видео
6

Офлајн мапи за по шуми и вукојебини

7

После првите три реда, почнуваат проблемите

Македонштина
8

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Пороци
1

Новак Ѓоковиќ донирал 300.000 евра за помош на хрватски Омиш

Разно
2

Уште колку вакви сцени ни се потребни да се сетиме дека сме исто семејство?

Разно
3

Душманско боксување на средношколски фудбалски меч

Фудбал
4

Трогателниот момент на Пеп во соблекувалната на Сити

Фудбал
5

Хрватскa направи подвиг во ватерполо, невиден во ниту еден друг спорт

Разно
6

Како изгледа изведување аут во должина од 45 метри?

Фудбал
7

Како Интер и Пирели мотивираа сиромашни деца да учат школо?

Фудбал
8

Новак ли е, Кари ли е?

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не само во цената да гледате

Македонштина

Ни отидоа најупатените

Балканштина

Свадба, основен пакет

Македонштина

На аеродромот во европската престолнина на културата

Македонштина

На крајот си ја расипа петката

Македонштина

После првите три реда, почнуваат проблемите

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зборувајте ни каква зандана беше СФРЈ

Рамковни тарифи

Медуза од Битола. Каде се, што прават?

Кружен тек за пешаци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy