- Дисциплинската комисија на ФФМ ги објави одлуките по натпреварите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
- Пазете го ова: Струга заврши на дисциплинска постапка зашто не обезбедила паркинг простор за гостинскиот автобус пред мечот со Вардар, а исто така имала и несоодветно обележување на теренот.
- Дисциплинска постапка ќе се води и против Тиквеш затоа што имале слаба организација, било фрлено шише со вода на терен и се скандирало на национална основа.
- Познатиот НБА зналец Ентони Ирвин смислил теорија според која не би било невозможно Никола Јокиќ да му се приклучи на неговиот добар пријател Лука Дончиќ.
- Со оглед на тоа што Денвер Нагетс не покажува ни малку амбиции во последниве години, се откажува од носителите на играта а не носи сериозни засилувања, идејата на Јокиќ до крајот на кариерата да остане во Колорадо би можела да се смени.
- „Врската со Лејкерс е многу јасна. Тоа е Дончиќ кој е голем другар со Никола. Исто така можноста на нивен заеднички пик-ен-рол би била навистина уникатна. Двајцата можеби гледаат кон 2028-ма кога би можеле да донесат серија одлуки која би довела до тоа да заиграат заедно“, вели Ирвин.
- Србинот има договор со Денвер Нагетс вреден 276.000.000 долари потпишан во 2022 што значи дека ќе има играчка опција пред сезоната 2027/2028 односно да бира дали ќе остане, ќе потпише побогат договор или ќе замине како слободен агент.
- „Ако Лејкерс ослободат простор во селари-капот и сфатат дека можат да тргнат по Јокиќ, може да им речат на Нагетс, еј слушајте или заедно ќе работиме на трејд кој ќе биде добар и за вас или ќе почекате да стане слоободен играч и да ризикувате да замине без надомест. Слабеење на играчкиот кадар на Денвер Нагетс е добра вест за ЛА Лејкерс“, вели Ирвин.
- На популарната сплитска Рива свечено беше затворена меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите, со што заврши и историското прво учество на Македонија во големото семејство на Игрите.
- Неколку дена Сплит беше домаќин на младите спортисти од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија, кои преку спортот се натпреваруваа, дружеа и создаваа нови пријателства.
- СЕДУМ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА
- Македонските млади спортисти меѓународната завршница ја завршија со седум медали – три сребрени и четири бронзени. Првиот медал за Македонија го освои Наум Насковски, кој стигна до бронзата во трката на 60 метри.
- Бронзен медал освои и Ролинг од Струмица во баскет 3×3. На шаховскиот турнир, Македонија имаше двоен успех. Илијана Велева од Свети Николе освои сребро во женска, а Давид Атанасовски од Гази Баба во машка конкуренција.
- Уште три медали пристигнаа од пинг-понгот. Јован Пармачки од Берово го освои сребрениот медал, додека Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево стигнаа до бронзата.
- Медалите ги доделуваа светски познатата тенисерка од Белград Ана Ивановиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Славен Билиќ а меѓу присутните беше и Жељко Обрадовиќ.