Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

После посетени 43 европски града, во срцето останало Скопје

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Откако посетил 43 европски престолнини, искусниот патник Конрад Варжеха вели дека едно место секогаш заслужува повторно враќање. 
  • Иако некои од најголемите европски градови, како Рим поради неговата единствена атмосфера или Варшава поради богатата гастрономска понуда, го оставиле без здив, неговиот личен фаворит е Скопје.
  • За нашиот главен град вели дека сè уште го поседува она што многу популарни дестинации одамна го изгубиле - автентичноста.
  • Особено му се допаднале плоштадот „Македонија“, величествениот Камен мост и живописната Стара чаршија, како и неверојатната мешавина од архитектонски стилови што ја раскажуваат приказната за богатата и слоевита историја на градот. Бил фасциниран од деталите, од грандиозните скулптури и споменици од „Скопје 2014“ до византиското и отоманското наследство што се чувствува на секој чекор.

  • Вели дека оваа комбинација создава уникатен и малку надреален амбиент што освојува.

извор

Руски „црни вдовици“ се женат со војници заради отштета

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Кога ќе загине руски војник, неговите најблиски добиваат отштета која почнува од 55.000 евра. Таа има за цел да ги увери регрутите дека нивните семејства ќе бидат згрижени ако се случи најлошото.
  • Но, расте бројот на оние измамнички кои ова го злоупотребуваат. Намамуваат мажи во лажни бракови пред да одат во војна, а потоа го собираат надоместот ако овие загинат, елиминирајќи ги другите роднини од наследството.
  • Некои се венчаваат и на смртна постела. Медицинска сестра во една руска болница била обвинета дека се омажила за петмина војници за кои се грижела пред да им подлегнат на повредите, за да им ја земе отштетата.
  • Војниците кои се враќаат од украинските боишта сè почесто се мета и на телефонски и други финансиски измами.
извор

Фаучи виновен за непочитување на Конгресот

6 August 2026
  • Share
  • Post
  • Комитетот на Сенатот за домашна безбедност и владини работи го прогласи докторот Ентони Фаучи виновен за непочитување на Конгресот поради неговото одбивање да сведочи на сослушувањето минатата недела за неговото справување со пандемијата на ковид.
  • Комитетот побара од Министерството за правда да реши дали долгогодишниот врвен здравствен функционер за заразни болести имал право да се заштитува со молчење. Ако немал, ќе биде покрената кривична пријава за дело за кое е предвидена казна од 1 до 12 месеци затвор.
  • Иако беше помилуван од поранешниот претседател Џо Бајден, докторот Фаучи на минатонеделното сослушување одби да одговори на повеќе од сто прашања, повикувајќи се на правото од Петтиот против самоинкриминирање.
  • „Д-р Фаучи не се соочуваше со никаков ризик од федерално гонење. Сè што требаше да направи е да ја каже вистината“, изјави сенаторот Ренд Пол, претседател на Комитетот на Сенатот. 
  • „Сенаторот Пол беше решен да ме натера да кажам нешто, било што, што би ги поткрепило неговите постојани ветувања дека ќе завршам зад решетки“, се правда Фаучи.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
2

Ниедна ни се нема удавено

Балканштина
3

Фиго: „Сум видел многу нешта во кариера, ама лажлив и користољубив однос како на Инфантино немам видено“

4

Косовска Star Wars свадба

Балканштина
5

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
6

Заблуде сам ево престао да бројим

Разно
7

Најодвратното залче на Тони Бордејн

Забава
8

Такер Карлсон објави манифест со визии за Америка

Свет
1

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Разно
2

Такер Карлсон објави манифест со визии за Америка

Свет
3

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

Разно
4

Никој не виде како ракетата на SpaceX удри во Месечината

5

Крокодилите поважни од палестинските затвореници

6

Ако Фаучи молчи пред Сенатот, ќе сведочи неговиот телефон

7

Чешка повеќе нема да штити украински мажи од воена служба

8

На Трамп му калемеле „руски врски“ и за отпуштањето на шефот на ФБИ

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не може име да биде појасно

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Балканштина

Барате графички дизајнер?

Балканштина

Ниедна ни се нема удавено

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Па можно ли е: Уште еден Пато

ЦеКа за телефоните и осаменоста

Душко Радовиќ за почеток на годината

You can't handle the truit

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy