- Барези почина на 66-годишна возраст, а во август 2025 година имаше операција за отстранување на белодробен нодул. Последно јавно појавување му беше на стадионот Сан Сиро на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во февруари.
- Барези ја помина целата своја 20-годишна играчка кариера во Милан (1977 - 1997), и беше сметан за еден од најголемите дефанзивци во историјата на фудбалот. Беше капитен 15 сезони, имаше 719 настапи и 33 гола, освои 6 титули во Серија А и три ЛШ.
- Имаше 81 настап за Италија и беше дел од тимот што го освои Светското првенство во 1982 година. Играше во финалето во 1994 година, кое Италија го загуби од Бразил.
- Во 2020 година, Барези стана почесен потпретседател на Милан, а четири години подоцна клубот го повлече од употреба неговиот дрес со број 6.
- „Примерот и интегритетот на поранешниот капитен засекогаш ќе бидат врежани во ДНК-та на клубот“, напишаа од Милан.
- „Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за префрлање на сопственичките интереси за Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори.
- Светското првенство не може да се третира како инвестициски производ. Тоа е едно од најголемите спортски наследства на фудбалот. Градено е со генерации од играчи, национални тимови и навивачи од секој континент. Ниту еден дел од него никогаш не треба да се продава на приватни инвеститори. Светското првенство не е на продажба.
- Неодговорно е и неоправдано што предлог од такво значење за фудбалот е замислен во тајност и доведен до работ на одобрување без никакви значајни консултации со оние на кои им е доверено управувањето со играта“, стои во дел од соопштението на УЕФА.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.