Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Тренерот на Лина: Kлучно е да се поддржуваат додека го градат својот пат, бидејќи успехот е и на државата

29 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во вклучување од Лондон за емисијата „Мундокаст“, тренерот Лина Ѓорческа, Димитар Лабудовиќ ја пренесе атмосферата од британската престолнина и откри како течат подготовките пред утрешниот дуел (вторник, 13:00 часот) против Американката Аманда Анисимова.
  • „Нема потреба да се трошат премногу зборови за играч кој минатата година играше завршници на Вимблдон и УС Опен. Меѓутоа, ние пристапуваме како и на секој друг меч. Тактиката ќе биде подготвена, а Лина ќе се обиде да го одигра тоа што најдобро го знае. Убеден сум дека ќе го даде својот максимум. Целта е да се одигра добар меч, па зошто да не се направи и изненадување? Ова е прво коло за Анисимова, додека Лина веќе има три меча зад себе овде и е подобро навикната на условите“,
  • „Поддршката од најблискиот круг на луѓе е секогаш тука. Сите сакаме да се гордееме со овие успеси, да се сликаме и да ги тапкаме спортистите по рамо кога ќе успеат. Меѓутоа, клучното е да бидеме тука за нив додека го градат својот пат до тој успех, бидејќи тој успех не е само нивен личен, туку е и наш, како држава“, заклучи тренерот на Ѓорческа.
извор

Историскиот меч на Лина Ѓорческа со пренос на Арена Спорт Македонија

29 June 2026
  • Share
  • Post
  • Тоа што се бараше, па и се очекуваше, Арена Спорт Македонија го соопшти, а тоа е супер вест за сите домашни љубители на тенисот.
  • Деби настапот на Лина Ѓорческа на најпрестижниот тениски турнир во светот, ќе може да го гледаме утре од 12 часот во живо.
  • Ѓорческа се пласираше на Вимблдон со што испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис. Ниту еден друг Македонец до сега не заиграл на еден Гренд слем турнир.

 

  • Ждрепката и ја донесе шестата светска тенисерка, Аманда Анисимова која стигна до финале.
извор

Познат аргентински фудбалер изгубил жена и две деца во земјотресот во Венецуела

29 June 2026
  • Share
  • Post
  • Триесет и осум годишниот фудбалер Лукас Трехо бил со својот клуб Спорт Маритимо во главниот град Каракас кога северниот брег на Венецуела бил погоден од страшни два разорни земјотреси од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.
  • Откако дознал дека зградата каде тие живееле во Плаја Гранде во градот Ла Гваира била срушена до темел, тој веднаш отпатувал на местото на катастрофата за да помогне во потрагата.
  • „Нашата зграда во Плаја Гранде се урнала. Не знам ништо за мојата фамилија. Ве молам молете се за нив и споделете ја оваа порака во случај некој да ги видел. Сакам да верувам дека не биле таму“, напишал Трехо на Инстаграм.
  • Во Венецуела набрзо допатувале и неговиот татко и брат од Аргентина за да им помогнат на пожарникарите, војската и волонтерите во напорите да се вадат телата.
  • Потрагата завршила кога спасувачите ги пронашле и извадиле телата на сопругата на Трехо, Јанина Маранела и нивните две деца Арон и Аиноа. Оваа трагедија ја погодила силно Јужноамериканската спортска заедница.
  • „Денес моето срце се скрши на илјада парчиња. Нема зборови со кои може да се олесни таа страшна болка. Го молам Бога да му даде на Лукас сила да ја преброди оваа незамислива загуба“, напишал соиграчот на фудбалерот, Едсон Тортолеро.
  • Трехо во кариерата игаше за грчки Атромитос и Егалео, потоа во својата татковина за Белграно, Расинг, Институто, играше и во неколку еквадорски и перуански клубови.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Кога Зеленортските Острови одат понатаму, а ти со светски првак си одиш дома

Фудбал
2

Големата млечна лага

Храна за возрасни
3

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Разно
4

Македонска реклама не мора да биде глупа

Разно
5

Мајка и ќерка од Ријека должат за данок 150 милиони евра

6

Вакво да се набави!

Гаџети
7

Замина режисерот Сашо Миленковски

8

И во пензија, инспекторот Илиевски не им попушта

1

Кога Зеленортските Острови одат понатаму, а ти со светски првак си одиш дома

Фудбал
2

Си одигравте нерешено колку што ви требаше а? И тоа 3:3

Фудбал
3

Слободниот удар на Меси се вика интелигенција

Фудбал
4

Мајсторија на Сучиќ од 25 метри, Хрватска ја доби Гана и заврши втора

Фудбал
5

Крај на една ера - На Јокиќ му заминува Мареј, ама му доаѓа пеколен играч

Кошарка
6

Фејк се, ама локум се

Навивачи
7

Фина финансиска инјекција за Босанците

8

Ивана од Битола да си ја повтори „Македонско девојче“ во Филаделфија

Навивачи
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Разно

Македонска реклама не мора да биде глупа

Балканштина

7 минути црногорска епика: Илијада на гусли

Балканштина

Пасворд за низ Америка: Министер оф Кроејша

Балканштина

Кога се преценувате со „никогаш повеќе“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Писмо од Рака

Уште ваков сме немале

Со три телевизори, а без храна

Цар, цар!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy