- ФИФА обезбеди рекорден награден фонд за СП 2026. На репрезентациите што ќе се пласираат во нокаут фазата им се загарантирани најмалку 15 милиони долари како награда за резултатот, покрај претходно платените износи за настап и подготовка.
- Според пресметките на босанските медиуми, вкупната заработка на Фудбалскиот сојуз на БиХ по пласманот во топ 32 е приближно 19 милиони долари или околу 16 милиони евра, што е најголемата финансиска награда во нивната историја.
- Но, приказната не завршува тука. Секој нов чекор носи пари. Пласман во четвртфиналето вреди уште повеќе, додека новиот светски шампион ќе заработи рекордни 50 милиони долари само за освојување на титулата.
- Некогашниот легендарен фудбалер на белградски Партизан и позната легенда на југословенскиот фудбал Џевад Прекази починал на 70 години, пренесуваат белградските медиуми.
- Прекази, роден во Косовска Митровица беше еден од најсаканите фудбалери меѓу навиввачите на Партизан чиј дрес го носеше од 1976-та до 1983-та година. Освои три шампионски титули со белградскиот состав.
- Голема трага остави и во Галатасарај каде одигра 185 натпревари од 1985-та до 1991-ва и освои две шампионски титули.
- Играше уште и за Хајдук Сплит, а по крајот на кариерата се занмаваше и со мал фудбал во САД каде играше за Балтимор Бласт. За младинската репрезентација на Југославија запиша три настапи. Како тренер подоцна два пати го водеше белградски Железник.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.