Познат аргентински фудбалер изгубил жена и две деца во земјотресот во Венецуела
29 June 2026
- Триесет и осум годишниот фудбалер Лукас Трехо бил со својот клуб Спорт Маритимо во главниот град Каракас кога северниот брег на Венецуела бил погоден од страшни два разорни земјотреси од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.
- Откако дознал дека зградата каде тие живееле во Плаја Гранде во градот Ла Гваира била срушена до темел, тој веднаш отпатувал на местото на катастрофата за да помогне во потрагата.
- „Нашата зграда во Плаја Гранде се урнала. Не знам ништо за мојата фамилија. Ве молам молете се за нив и споделете ја оваа порака во случај некој да ги видел. Сакам да верувам дека не биле таму“, напишал Трехо на Инстаграм.
- Во Венецуела набрзо допатувале и неговиот татко и брат од Аргентина за да им помогнат на пожарникарите, војската и волонтерите во напорите да се вадат телата.
- Потрагата завршила кога спасувачите ги пронашле и извадиле телата на сопругата на Трехо, Јанина Маранела и нивните две деца Арон и Аиноа. Оваа трагедија ја погодила силно Јужноамериканската спортска заедница.
- „Денес моето срце се скрши на илјада парчиња. Нема зборови со кои може да се олесни таа страшна болка. Го молам Бога да му даде на Лукас сила да ја преброди оваа незамислива загуба“, напишал соиграчот на фудбалерот, Едсон Тортолеро.
- Трехо во кариерата игаше за грчки Атромитос и Егалео, потоа во својата татковина за Белграно, Расинг, Институто, играше и во неколку еквадорски и перуански клубови.