- Докторот Ентони Фаучи е повикан повторно да сведочи пред Сенатот на САД за обвинувањата дека влијаел врз извештаи за потеклото на пандемијата на ковид и за финансирањето на истражувања за „стекнување функции“ кај вируси.
- Комисијата за безбедност на Сенатот сака да утврди дали Фаучи го довел во заблуда Конгресот за време на претходните сведочења кога негираше дека американскиот Национален институт за здравје (NIH) финансирал ризични истражувања на Институтот за вирологија во Вухан.
- Сенаторот Ренд Пол објави дека Фаучи ја одбил поканата доброволно да се појави пред Комисијата. Ако сега одбие, може да биде приведен.
- Документи што неодамна ги објави шефицата на националното разузнавање Тулси Габард укажуваат дека Фаучи влијаел врз проценките на американските агенции во врска со потеклото на вирусот.
- Поранешниот службеник на ЦИА, Џејмс Ердман, сведочеше под заклетва пред Конгресот дека Фаучи намерно препорачувал научници што го поддржуваат неговиот наратив дека вирусот SARS-CoV-2 се проширил по природен пат, а не од лабораторија.
- Новиот кинески суперкомпјутер LinShine од Шенжен е прогласен за најбрз во светот.
- Кина последен пат го имала најбрзиот суперкомпјутер во 2017 година. Оттогаш доминираат американските и јапонскиот Fugaku од 2020 до 2022 година.
- LineShine на тестовите имал за 22% подобри резултати во споредба со американскиот суперкомпјутер El Capitan од Лабораторијата „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија, кој беше на врвот според рангирање на перформансите од ноември 2024 година.
- Освен суровата брзина, кинескиот компјутер се издвојува од конкуренцијата со тоа што користи исклучиво стандардни микропроцесори и не е зајакнат со графички процесори. Се напојува со 13,79 милиони јадра ARMv9 од кинески производство.
- LineShine ќе се користи за истражувања на климата и океаните, за откривање нови лекови и материјали, за астрофизика и за развој на вештачка интелигенција.
- Министерството за одбрана на Германија од февруари испратило 298.200 прашалници до момчиња и девојки на возраст од 18 години за доброволно служење воена обврска.
- На овој начин биле регрутирани само 530 доброволци.
- На прашалниците одговориле 96% од момчињата, кои се обврзани да го сторат тоа. Одговориле и 4% од девојките, иако не мораат.
- Бундесверот пријави зголемен интерес за традиционалното регрутирање: годинава се примени 38.500 апликации, речиси 25% повеќе во споредба со истиот период лани.
- Сепак, овие бројки не се доволни за обидот на германските власти да го зголеми бројот на активни војници од сегашните 184.000 на најмалку 255.000 до 2035 година. Доколку не се исполнат целите од Законот за доброволна воена служба, може да се воведе регрутација врз основа на побарувачката.