- Два силни земјотреси еден по друг утрово ја погодија Венецуела, западно од Каракас. Урнаа многу станбени и јавни згради, висококоатници и куќи во Ла Гваира, Каракас и во други места.
- Првиот земјотрес имал интензитет од 7,2 Рихтери, а 39 секунди подоцна удрил уште посилен, од 7,5 степени.
- Поради степенот на разурнување нема информации за бројот на жртви.
- Врз основа на интензитетот на потресите и близината на населбите до епицентарот, Американската сеизмолошка служба проценува веројатност од 42% дека може да има помеѓу 10.000 и 100.000 загинати.
- Претседателката Делси Родригез објави вонредна состојба во целата земја и побара меѓународна помош.
- Министерството за внатрешни работи ги повика луѓето да ги напуштат домовите, бидејќи серијата земјотреси не стивнала и може да ги урне веќе оштетените објекти.
- Сака да ѝ стави ново име на вештачката интелигенција.
- „Многу луѓе мислат дека зборовите „Вештачка интелигенција“ се неточни и многу нејасни во однос на ВИ односно вештачката интелигенција“, напиша Трамп.
- Понуди гласање за три негови предлози: Супериорна интелигенција, Екстремна интелигенција или Врховна интелигенција.
- Во моментов води Супериорна.
- Еден му има пишано: „Нè заболе бе за ова, прекини ги војните и врати го бензиот на два долара за галон“.
- Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
- На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
- „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
- Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.